Гулабот размислува како вештачка интелигенција

Мозокот на гулабот функционира на сличен начин како и вештачката интелигенција на базично ниво. Ова го покажа нова студија во која психолози од Универзитетот во Ајова го испитале функционирањето на мозокот на гулабот, откривајќи дека има сличности со вештачката интелигенција.

Истражувачите им дале на гулабите сложени тестови за категоризација кои не би биле потпомогнати од размислување на високо ниво, како што е користењето логика или расудување.

Наместо тоа, преку обиди и грешки, гулабите на крајот успеале да запомнат доволно сценарија во тестот за да постигнат точност од речиси 70 проценти.

Компјутерите ја користат истата основна методологија, односно се учат како да препознаваат шеми и предмети што луѓето нормално лесно ги препознаваат, тврдат истражувачите.

Се разбира, поради огромната меморија и постојаниот развој, компјутерите далеку го надминуваат капацитетот и перформансите на мозокот на гулабот, но на базично ниво, може да се каже дека тие „размислуваат“ исто.

Резултати од претходни истражувања сугерираат дека гулабите можат да ги разликуваат сликите на Пикасо од оние на Моне. Исто така, е откриено дека тие можат да бројат, да детектираат рак на радиолошки слики, да препознаваат зборови и имаат извонредна меморија.

 

7 ноември 2026 - 08:44