Писмена задача на тема:
Мојот најубав ден во животот
Тешко е да се реши кој е најубавиот ден. Ги имаше многу ама мислам дека тоа беше на Велигден минатата година. Или беше Божиќ?
Не е важно.
Всушност, што е воопшто важно кога во секој случај ќе добијам тројка?
Секогаш добивам тројка, уште од петто одделение. Мислам дека професорката не ги ни чита моите писмени.
Сигурен сум во тоа бидејќи неколку пати напишав одлични писмени па пак добив тројка.
Ајде да проверам.
Ако ова го чита, професорката ќе мора некако да реагира. Петка сигурно нема да ми стави. Ама макар кец? Тоа би го направила со задоволство. Ако ова не е доволно, ќе кажам дека таа е една ружна и одвратна жена.
И многу глупа!
Како Милорад Павиќ да е единствениот писател на светот. Сигурен сум дека ништо ново не прочитала во последните десет години.
А па колку е ружна!
На крај, сакам да кажам дека тој ден ми беше толку убаво што цела ноќ сонував убави работи.
ОРИГИНАЛ И ЕПИЛОГ: