
Кинеските научници очекуваат наскоро да направат пробив во технологијата на воздушни ветерни турбини, со првиот систем во светот со моќност од мегавати што треба да полета.
Лебдечкиот систем за производство на енергија од ветер наликува на воздушен брод и во него се гледа решение за добивање енергија за оддалечени локации и зони на катастрофа каде што конвенционалните снабдувања со енергија не можат да се користат или се несоодветни.
Истражувачите рекоа дека излезната моќност на нивниот систем - повеќе од 30 пати поголема од најдобрата во други земји - би можела да ја претвори во опиплива реалност научната визија првпат предложена во 1957 година од познатиот научник Чиан Сјусен.
На предавање што го организираше пекишка радио-телевизиската станица, главниот директор за технологија на енергетската компанија „SAWES“ објави дека најновата единица за производство на енергија со капацитет од 1MW, се подготвува за пробен лет. Системот го развиле во соработка со универзитет и институт на Кинеската академија на науките.
Во јануари оваа година, во тест база во покраината Џијангси, претходна верзија - летало долго 30 метри и широко 15 метри- се искачи на надморска височина од 1.000 метри и лебдеше на ветерот, пренесувајќи електрична енергија до земјата, докажувајќи ја изводливоста на технологијата во помал обем.