После работата во неколку клубови, во 1998 година НБА скаутот Тони Ронзон добил повик ни помалку ни повеќе, од Северна Кореа. Таму требал да држи тренерски семинар организиран од ФИБА, светската кошаркарска федерација.
Американецот го спакувал својот багаж, предвидено било во Кина да го пресретне корејска делегација, но никој не се појавил на аеродром. Наместо тоа, кинеската полиција го задржала девет часа, а потоа го избркале од земјата.
После неколку месеци, Тони Ронзон одново добил повик да предава за кошарка во Северна Кореја.
Стигнал во Пјонгјанг и цела недела од пустиот хотел го однеле во сала каде имало 12.000 луѓе. Дошле не само луѓе од кошарката, туку и многу други обични гледачи од целата земја кои биле исто облечени и носеле значки од лидерот на нацијата.
„Искрено не сфатив од почеток, но ми кажаа дека Ким Џон Ил бил еден ден на предавање. Им рекол на луѓето од министерство за спорт на Северна Кореа дека ќе ме викнел уште неколку пати ако му се допадне мојот семинар. Со себе носев безброј книги за теорија на кошарка, за напад, за одбрана, концепти за аут, за тренинзи, па дури и мотивациони говори. Кога заминував, организаторите побараа да направат копии од сите тие материјали. Помислив дека сакаат да ги користат за работа, но преведувачот тивко ми шепна дека ги барал претседателот Ким Џонг Ил. Сакал сам да ги изучува“, раскажува Тони Ронзон за неговото чудно искуство во Северна Кореа.
Најголема сензација во спортот на Азија се случила во ’90-те години. На Шампионатот на Азија 1991 година, во градот Кобе репрезентацијата на Северна Кореа изгубила 87:86 од Филипини. Од 86 поени за Корејците, 55 постигнал Ри Мјунг-хун. Тренерот Тони Ронзон од САД сакал да го запознае по секоја цена.
Овој кошаркар бил висок 235 сантиметри и бил чудо каде и да се појави. Две години подоцна на турнир во Џакарта, Ри Мјунг-хун (Ri Myung-hun) станал MVP и ја водел Северна Кореја до второто место зад шампионот Кина.
Во 1995 година Северна Кореја не играла на Купот на Азија, но следната ’96 се појавила на Џонс Купот во Тајпеј. Ри постигнал 27 поени на мечот против репрезентација на Атлантскиот брег составена од NCAA кошаркари.
Тогаш Американците решиле да пробаат да го земат, без разлика колку затворена била неговата татковина. Лидерот Ким Џонг Ил бил импресиониран од тренерот Тони Ронзон и му дозволил да го однесе со себе во Америка високиот Ри.
Во 1998 година тој имал сообраќајна незгода, па го пратиле во Канада се опоравува и да тренира. Две години тој тренирал во предградие на Отава под надзор на Џек Донохју, школскиот тренер на Карим Абдул Џабар. Донохју го учел високиот Кореец движења во пост.
Познатиот хокеарски тренер Лорен Голденберг водел грижа за атлетските способности на Кореецот и му спремил специјална диета со цел да добие мускулна маса и од 110 да стигне до 130 килограми.
Менаџерот Вејн Макинон постојано им го нудел 235 сантиметри високиот Ри на НБА тимовите. А Ри во Канада не бил сам, туку со него постојано оделе две пониски лица: Џон Ким и Карл Ли кои викале дека се „делегација“ и оделе секаде со Ри со цел да нема проблеми со емигрантите од Јужна Кореа кои живееле во Канада.
Кога се укажала шанса да потпише со НБА тим, властите во Америка одбиле да му дадат работна виза. Потенцијален договор во НБА би значел кршење на законите, затоа што американските компании имале забрана да соработуваат со непријателски земји, во таа смисла и со Северна Кореа.
Конечно во 2000 година властите дале дозвола, но само под еден услов: парите кои ќе ги заработува високиот Ри да не може да ги праќа дома во Северна Кореа. Во тој момент властите во Пјонгјанг се налутиле и одбиле да го пуштат надвор од земјата.
За да ја спаси ситуацијата, тренерот Тони Розон отишол во посета на Ким Џон Ил, но претседателот му рекол дека Ри може да игра во НБА само ако неговиот иден клуб плати во пченица за него.
Самиот Ри дал интервју за CNN во кое рекол: „Мислам дека ако играм во НБА ќе ги подобрам односите меѓу мојата земја и Америка. Мене сакаа да ме искористат во политички цели. Мене не ме интересира ни политика ни пари. Сакам само да се пробам во НБА“.
На тоа останало. Ри Мјунг-хун останал во Северна Кореа и продолжил да игра на пријателските средби против Јужна Кореа. Еднаш дал 26 поени за 21 минута.
До денес не се знае дали тој служел во армијата на Северна Кореа, но во 2011 година кога лидерот на државата починал, на интернет се појавила фотографија (горе) од погребната церемонија. Меѓу северно-корејските војници имало еден гигант. Многумина мислат дека тоа бил Ри Мјунг-хун кој можел да стане првиот севернокорејски играч во НБА.
После неколку години Денис Родман му дошол на гости на Ри во Северна Кореа и зборувале за НБА, неостварениот сон на највисокиот Северно-кореец.