Пред повеќе од 20 години, еден симпатичен млад човек имал шанса да стане првиот Севернокореец во историјата кој заиграл во НБА лигата. Ама лошите политички односи меѓу САД и С. Кореја влијаеле високиот Ри да не го оствари сонот.
Како никогаш и никаде претходно, во исто време во една НБА екипа играа највисокиот кошаркар после Мурешан во НБА и најнискиот во историјата на оваа лига.
Роберт Боброцки е за нас непознато име во кошарката. Се работи за дете од Романија кое на 13 години, (тоа кај нас ќе му дојде седмо одделение) е повисок од Шекил О`Онил, Сабонис и уште ред други бивши или сегашни НБА центри.
Пол Старџис кој го доби прекарот „Високиот Пол" луѓето ги гледа од повисоко. Со 232 см тој е највисокиот кошаркар во светот и втор највисок човек во Англија. Неговиот сон е да го облече дресот на кошаркарската репрезентација на Велика Британија.