Со висина од 230см, Мануте Бол беше највисокиот кошаркар што трчал по НБА терените после славниот Романец Георге Мурешан, а Тајрон Магзи Богс со 159см беше најнискиот играч што носел дрес на НБА лигаш.
Вашингтон Булетс во 1985. година го драфтуваа Мануте Бол, а кога после две години се решија како 12-ти пик да го изберат Тајрон Магзи Богс, Булетси го создадоа најневеројатниот тандем во историјата.
Иако дресот на Вашингтон заедно го носеа само една сезона, и двајцата останаа запаметени по добрите партии. Љубителите на НБА ги паметат како тандем кој беше заслужен што франшизата стигна до доигрувањето таа сезона (играа плејоф), каде налетаа на казнената експедиција на Детроит Пистонс.
Навивачите во САД доаѓаа во салите кога играше Вашингтон само за да го гледаат тандемот со неверојатна разлика во висината. Сезоната 1987/1988 НБА ја одбележија ЛА Лејкерс со атрактивните напади, Детроит Пистонс и фамозната „Bad Boys", како и тандемот Мануте Бол - Тајрон Магзи Богс.
По завршувањето на сезоната 1987/1988, Вашингтон реши да го смени целиот тим. Магзи Богс замина во Шарлот Хорнетс каде исто играше запазена улога и буквално се прослави. Неговиот далеку повисок другар се пресели во Голден Стејт Вориорс каде го бираа за најдобар дефанзивец. Бол почина во 2010. година од болест на бубрезите.