Таг: вашингтон визардс

Резерви се тие друже, не играат

Сакраменто има предност против Вашингтон од 121:119. Остануваат само 7 стотинки во кои Визардс со тројка може да победи. Ќе им стаса времето, затоа што еднаш Хаким Олајџивон за 4 стотинки успеа да реализира. Него друг е проблемот тука.

Вашингтон за 8 секунди даде 8 поени и ја сврте против Бруклин

Втор ден по ред во НБА имаше луда завршница на еден натпревар. Прво Дамјан Лилард на 11 секунди пред крајот додека неговиот Портланд губеше 5 поени разлика од Чикаго постигна две тројки и го имаше „гејм винерот“ на годината, а Вашингтон направи ново чудо.

А кралот од Вашингтон Визардс кој си ја заби во свој кош

Орландо Меџик го добија Вашингтон Визардс со 130-120 во меч во кој домашниот центар Томас Брајант при еден скок наместо да ја собере топката, несвесно ја заби во свој обрач.

Искри пред стартот на НБА, Блејк Грифин се изнасмеа во гужвата

Во пресрет на новата НБА сезона, Детрот и Вашингтон Визардс одиграа пријателска средба која за малку ќе станеше непријателска. Блејк Грифин, некогаш најдобриот забивач во лигата го турна грубо центарот Томас Брајант па кога овој му се пушти, Грифин се изнасмеа.

Малку познати факти од биографијата на Џордан

Неговото височество во понеделникот наполни 57 години. Сите светски медиуми го одбележаа роденденот на Мајкл Џордан со разни приказни, најдобри моменти и анегдоти од неговата кариера. Ние издвоивме неколку.

Кога Џордан им натрпа 51 кош на 38 години

На 29 декември во 2001 годна, Вашингтон Визардс на домашен терен го совладаа Шарлот Хорнетс до 107-90. Најголемиот на сите времиња, Џордан ја играше првата сезона во дресот на Вашингтон и на тој меч уфрли 51 поен.

На меч во НБА паднаа 317 поени, дали е тоа нормално?

Хјустон Рокетс го совлада Вашингтон Визардс со 159-158. Џејмс Харден постигна лудачки 59 поени. Расел Вестбрук 17 поени, 10 скока и 12 асистенции. Бредли Бил даде 46 поени за Визардс. Натпреварот немаше ниту едно продолжение што само по себе е неверојатно затоа што се случувало волку поени да не паднат ниту на Ол-Стар меч каде не постои одбрана.

Го опна со баксет по глава, па го исклучија

Не се чекаше долго темпераментниот Маркус Морис да го направи првиот циркус како нов кошаркар на Њујорк Никс. На пријателската против Вашингтон Визардс во склоп на предсезонскиот период, Морис со баскет го удри по глава Џастин Андерсон па настана гужва.

Ги паметите ли Магзи Богс и Мануте Бол?

Како никогаш и никаде претходно, во исто време во една НБА екипа играа највисокиот кошаркар после Мурешан во НБА и најнискиот во историјата на оваа лига.

Сан Антонио загуби во последна секунда, Леброн го доби Мело

Капак на очајната шутерска вечер на Спарс стави Бил Бредли кој со тројка со звукот на сирената му нанесе нов овосезонски пораз на поранешниот шампион.

Смешната страна на кис камерата во НБА

За време на плејоф дуелот во НБА меѓу Атланта и Вашингтон камерата улови еден пар кој требаше идеално да ја одигра улогата во кадарот на кис кам. Се занесоа па случајно ги потурија со пиво луѓето под нив.

Ал Хорфорд го чува домашниот терен, Атланта пред финале

Кошаркарите на Голден Стејт Вориорс и Атланта Хокс се на чекор од пласман во конференциското финале, откако синоќа повторно ги победија Мемфис Гризлис односно Вашингтон Визардс.

Трилерот продолжува, Атланта израмни на 2-2 против Вашингтон

Двата најдобри тима од регуларниот дел во НБА лигата се разбудија после поразите и славеа на гостински терен против Мемфис односно Вашингтон.

Пол Пирс ја порази Атланта во последната секунда

Вашингтон и Атланта одиграа драматичен натпревар во кој ветеранот Пирс јуначки го реши мечот за водство од 2:1. На вториот меч најдобриот тим на западот, Голден Стејт загуби од Мемфис со 10 поени разлика.

Атланта и Мемфис го возвратија ударот

Перо Антиќ постигна 8 поени во втората плејоф пресметка на која Хокси го израмнија резултатот против Вашингтон. На другиот меч кошаркарите на Мемфис му го расипаа славјето на Стефон Кари кој го доби признанието за најдобар играч на сезоната.

Атланта со пораз го почна полуфиналето

Кошаркарите на Вашингтон Визардс ја победија Атланта 104:98 на гостувањето во Џорџија и поведоа во полуфиналето на источната конференција. Пет поени за 18 минути на Перо Антиќ. Следниот дуел се игра повторно во Атланта.

Чистка на Истокот, Кливленд и Визардс одат понатаму, Далас преживува

Кошаркарите на Вашингтон и Кливленд се пласираа во следната рунда на источната конференција. ЛА Клиперс го доби Сан Антонио и израмни на 2-2 во серијата, во која Далас уште се држи со Хјустон Рокетс.

Ноќ посветена на цепелини

Четвртиот ден од НБА плејофот наликуваше на Ол старт викенд. За шоуто се погрижи Кралот Џејмс кој му ја донесе втората победа на Кливленд, а празник за очи под кош направија и Џош Смит и Двајт Хауард за втор триумф на Хјустон.

Со 57 поени Кајри Ирвинг сам го победи Сан Антонио

Кливленд го совлада Сан Антонио после продолженијата 128:125, а најзаслужен за триумфот беше феноменалниот Ирвинг, кој уфрли 57 поени за личен рекорд во кариерата. За три поени, Ирвинг шутираше без промашување.

Кошаркар на Вашингтон го загуби чуварот во одбрана

На 13,7 секунди до крајот на мечот меѓу Вашингтон и Чикаго кој го добија Булси со пет поени разлика Ото Портер “заспа“ терен и покрај тоа што има 21 година. Тони Снел тоа го примети и му избега, но не ја искористи шансата.

Драма на три натпревари, Атланта загуби од Мемфис

Само два поени за Перо Антиќ во поразот на Атланта од Мемфис Грзилис 94:88. Во саботата му дадоа 124 поени на Голден Стејт, а синоќа Хокси беа задржани на само 88 поени. Дури три натпревари се решаваа во последните секунди.

Тежок пад на Ентони Дејвис при забивање

Еден од најдобрите крилни центри во НБА лигата, Ентони Дејвис го повреди своето раме кога заби за време на дуелот меѓу Њу Орлеанс и Чикаго Булс. На крајот Пеликаните го загубија натпреварот 107:72. Победи славеа уште и Далас, Филаделфија, Голден Стејт, Вашингтон, Милвоки и Јута.

Ќе скршеше и кичма и обрач

Одличен инстинкт и идеја, но во обидот на кошаркарот на Вашингтон, Андре Милер недостасуваше повеќе одраз за да ја закуца.