1. ЈА ВОВЕЛ МОДАТА НА ДОЛГИ ШОРЦЕВИ
Во филмот „Вселенскиот џем“ (Space jam), Џордан им раскажува на јунаците од анимираниот долгометражен филм дека за време на натпреварите, секогаш под шорцевите на Чикаго носи уште едни шорцеви - и тоа оние на Универзитетот Северна Каролина.
Интересно, ова не била смислена идеја на сценаристот, туку Мајкл така правел во текот на кариерата. Со неговата навика стигнала и модата на подолги шорцеви кои ги заменија кратките во кои играле до крајот од ’80-те.
2. ЗНАЕТЕ ЛИ ДЕКА НОСЕЛ И БРОЈ 12
Нема човек што макар еднаш погледнал НБА во времето на Џордан а да не препознава дека бројката 23 на дресот беше негов култен број. По првото враќање на паркетите откако се пензионираше, Џордан на грбот некое време носеше број 45.
А интересно е што во кариерата има еден НБА меч на кој Џордан играл со 12-ка на грбот. Тоа било во 1990-та година кога пред мечот со Орландо Меџик му ја украле опремата од соблекувална, па морал да истрча на терен со првиот дрес што му паднал при рака, а на тој дрес немало ни презиме.
3. РЕЗЕРВИРАЛ СОБИ ВО ХОТЕЛИ ПОД ДРУГО ИМЕ И ПРЕЗИМЕ
Во хотелите во кои престојувал, Џордан не сакал да привлекува големо внимание на себе и да му се ремети мирот, па често резервирал соба под името Лери Смит. Така се викал некој дечко којшто го истиснал Мајкл од составот на школската екипа Laney High School во 10. клас.
4. ОСВЕН ЧИКАГО, БРОЈОТ 23 НА МАЈКЛ ГО ПОВЛЕКОЛ И МАЈАМИ ХИТ
Најголемиот на сите времиња никогаш не играше за Мајами, но сеедно, ова не им сметаше на Хит да го овековечат неговиот број на 11 април 2003 година пред мечот со Вашингтон за кои тогаш играше токму Мајкл по враќањето во кошарката. Причината за ова била желбата на Пет Рајли, претседателот на Хит.
„Никој никогаш нема да го носи бројот 23 во Мајами. Ти си најдобриот“, рекол Рајли на церемонијата на кревање на дресот.
5. ЏОРДАН ИМАЛ НИСКИ РОДИТЕЛИ
И мајка му и татко му на Мајл биле пониски од 173 сантиметри. Непознато е како Џордан израснал дури до 1.98 метри.