НБА финалето 1997-ма е едно од оние, поради кои се седеше навечер до ниедно време. Неповторлигата банда на Фил Џексон ја совлада Јута Џез на Мелоун и Стоктон со 4:2, а шестиот натпревар го реши Стив Кер. Допи топка на крајот од Џордан кој беше удвоен, а на тајм аут му рече дека ако треба ќе биде спремен за финален шут. Но, Кер на прославата отиде со друга, позабавна верзија. Ќе го ослободувал Џордан од одговорност, кој инаку мечот го заврши со 39 поени и 11 скока. Цар.