На еден од најголемите конкуренти на Мајкл Џордан често пати се подзаборава.
Тоа се должи на оние, никогаш недораскажани финалиња на Булси против Јута Џез на Карл Мелоун и Џон Стоктон, како и она против Сиетл СуперСоникс со Гери Пејтон и Шон Кемп.
Се вика Дражен Петровиќ, миленик на повозрасните од екс ју просторите, кои и ден денес зборуваат за него со возвишувачки тон и суперлативи.
Ах да имаше едно такво НБА финале Мајкл против Дражен. Ќе беше недозборено, за век векова. Посебно во нашите простори.
Нивните соочувања од почетокот на 90-те се малку подзаборавени. Тоа е кога Џордан почна да растура со Булси, додека Дражен Петровиќ се здружи со Кени Андерсон и Дерик Колман во Њу Џерси Нетс.
Но мотаме уште поназад, поточно на 23 ноември 1983-та, како што наложуваат двете фотки на кои налетавме. Фотографии за аналите на кошарката. Епски. Рацете да му се позлатат на тој што ги направил.
Се работи за егзибициски натпревар меѓу Северна Каролина и Југославија кој завршил 75:65.
Џордан на тој меч имал 20 години, а Дражен 19. Не успеавме да најдеме статистика од мечот, а ниту видео. Радо би го гледале и објавиле ако ископа некој.
Најдовме снимка од истата година од друг егзибициски натпревар со Џордан, но против Грција предводена од легендарниот Никос Галис.
Северна Каролина - Грција 100:83. 34 поени на Џордан, 24 на Галис.
Едит од читател: