Реџи Милер ќе ви објасни најдобро зошто беше невозможно да се задржи Џордан

„Немаше слабости. Пробуваш да го натераш да оди лево. Пробуваш да го натераш да оди десно. Пробуваш да го држиш. Пробуваш на сила. Тој беше Шек меѓу бековите. Едноставно беше многу јак. Не можеш никогаш да го блокираш. Како портокал ја држеше топката и ти ја мафта пред лице со јазикот исплазен. Немаше ниту една слабост. Ниту една. Нула. Плус пиеше, пушеше и играше карти до 4-5 сабајле. Понекогаш играше голф во ист ден кога имаше натпревар“.

24 јуни 2025 - 11:37