На 25 септември 2001, Ем Џеј го најави вториот кам бек во НБА. Овој пат во Вашингтон Визардс и со намера да ја донира платата за помош на семејствата на жртвите од нападите на 11 септември. И покрај проблемите со повреди, беше стартер на 53 од вкупно 60 натпревари и беше најдобар во својот тим со просек од 24,3 поени, 5,4 асистенции и 6 скока. Визардс ја завршија сезоната со рекордни 37 победи, а Џордан и на 38 години беше меѓу кандидатите за МВП.