Еден од описите за него на кој налетавме вели вака:
„Секоја година, 17 февруари не е ден како сите други. Тоа е јазик кој излегува од устата. Патики за одење на кош, за вежбање во теретана, за носење дрес под фармерки, за логото што станува мода. За биковите, а исто така и за дрим тимот. За плакатите на ѕидот, за она што го знае и баба ти која ништо не разбира од спорт. За шесте финалиња добиени од шест одиграни. Тоа е Мајкл или Ем Џеј и неговото воздухопловство. Тоа е она што би сакале да бидеме, но сепак сме среќни што можевме да му се восхитуваме, имитираме, сонуваме. Тоа е Џордан, синоним за кошарка кој ги надмина границите на спортот и културата. Бог е тој што излегол на терен маскиран како него“.
Сегашните актери на Ол стар викендот кои добија жестоки критики за ноншарлантноста на паркетот, треба да се угледаат на овој човек, на професионалноста со која му се пристапуваше на тој атрактивен настан во негово време.
Да се вратиме на насловот. Џордан е и двократен победник во забивање, 1987-ма и 1988-та. На 6 февруари 1988-ма во Чикаго го победи Доминик Вилкинс откако реши во еден момент да ги победи просторот и гравитацијата и да оствари скок од кој подоцна ќе биде изработена статуа.
Овие видеа се задолжително четиво за секој човек заразен од кошарка, без разлика на која генерција припаѓа.