Од прв до последен секој кој го следеше Ол-Старот во пренос во живо или снимка од истиот тврдат дека тоа им биле најзалудно потрошени 3-4 часа некогаш. „Наместо да отспијам, ја ќе гледам циркус“ беа најголем дел од коментарите на социјалните мрежи. И во право беа, затоа што пазете го податоков: На Ол-Стар натпреварот во 1993-та биле направени 62 прекршоци во жар на борба, а на последниов во 2024-та само 3 за цел натпревар.