Зошто Ол-Старот стана толку досаден?

Разочараност, лутина и огорченост од бескрајно досадниот Ол-Стар натпревар на сите ѕвезди чувствуаат сите, од гледачите, медиумите, првите луѓе на клубовите па дури и самиот комесар на НБА лигата.

Екипите на Исток и Запад покажаа наједнолична игра во последните неколку години. Никој не играше одбрана, ниту пак некој имаше посебна желба да влезе во посилен дуел, да направи блок, пожртвувано да скокне по топка.

Податокот дека имаше дури 168 обиди за три поени вкупно од двата тима за 48 минути доволно говори. Тоа е во просек по 3,5 шута за три поени во просек по минута или тројка по тројка на секои 17 секунди.

Истокот го победи Западот 211:186 и постави рекорд по број на постигнати поени (првпат Исток да отиде над 200 на Ол-Стар меч). Но на тоа никој не се воодушеви.

Комесарот и прв човек на НБА, Адам Силвер пред Ол-Стар мечот изјави дека „некако многу се занесовме со забавниот аспект“ и „ветуваме добра игра“, а во својот говор после мечот и победата на Истокот со очигледна разочараност рече: „Вие постигнавте најмногу поени од сите. Па... честитам“.

Во овие негови зборови медиумите ја видоа сета негова фрустрација што овогодинешниот а и години наназад Ол-Стар натпревари се веќе досадни за гледање зошто играчите, секој од своја причина се чуваат и недоволно се залагаат. 

Во САД Натпреварот на сите ѕвезди овојпат го гледале 4,6 милиони луѓе на телевизија и имал рејтинг 2,2 што е најлош показател во историјата.

ЅВЕЗДИТЕ НЕ ГЛЕДААТ ПРОБЛЕМ ВО ТАКВА ИГРА

Уште на прес-конференцијата после натпреварот играчите еден по еден држеле линија дека „така и било мислено да пројде“. Џејлин Брансон, дебитантот на Ол Стар меч од Бостон Селтикс кој играше за Истокот рече дека во време на мечот неговиот тим помислил на рекордот од 200 поени и дека за такво нешто можеле да им помогнат само тројките.

„Тоа никој претходно не го направи и тоа беше наша цел, затоа сум среќе што ние го направивме. Зорувавме за тоа како играме и рековме: „Добро, дајте да стигнеме до 200“.

Ентони Едвардс, пак, суперѕвездата на Минесота Тимбервулвс дури не ни криел дека тој и неговите соиграчи од Западот воопшто не ја разгледувале идејата за некој конкурентен меч.

„За мене мечот на сите ѕвезди е забава пред сè. Не знам што уште треба да се смисли за да стане поконкурентен. Ова е вид пауза (од лигата). Не мислам дека некој ќе дојде овде и ќе се натпреварува“, чесно признал Едвардс.

Леброн Џејмс кој имал проблем со коленото, одигра 14 минути на својот рекорден 20-ти Натпревар на сите ѕвезди. Овојпат тој смета дека никој не се повредил и тоа значи дека натпреварот може да се смета за успешен.

„Природно е нашата натпреварувачка природа да не сака таков слободен број на поени. Но мислам дека е добро што ниеден играч не е повреден вечер и сите ќе се вратат здрави“, рекол Џејмс.

Дека натпреварот ги разочарал сите гледачи признал и Демиен Лилард, суперѕвездата на Милвоки Бакс кој претходно победи во натпреварот за три поени а вечерта доби МВП награда.

„Двеста поен е баш многу. Тоа докажува дека не сме се бореле како што јас мислам или како што вие би сакале. Но ништо не може да направите“, рекол МВП на Ол-Стар мечот кој постигна 39 поени со три скока и шест асистенции.

Ѕвездата пак на Западот, Кевин Дурент рекол дека најдобар одговор за таквиот исход е отсуството на одбрана. „Шутевите на Истокот беа неверојатно. Тешко е да се игра одбрана кога некој шутира од 10-12 метри“.

ДАЛИ СЕ ПРОБЛЕМ ПАРИТЕ?

За учесниците на Натпреварот на сите ѕвезди има одреден фонд - по 100.000 долари добиваат играчите и тренерите за екипата победник и по 25.000 долари за поразениот тим. Ако ова се спореди со платите на играчите тогаш е јасно дека ова им е минорен дел, па оттука веројатно и не се доволно мотивирани да ризикуваат повреди па да отсуствуваат од НБА лигата.

Видете и:

Ол-Стар некогаш и сега

20 февруари 2024 - 15:35