Пол Пирс ја порази Атланта во последната секунда

Вашингтон и Атланта одиграа драматичен натпревар во кој ветеранот Пирс јуначки го реши мечот за водство од 2:1. На вториот меч најдобриот тим на западот, Голден Стејт загуби од Мемфис со 10 поени разлика.

Вашингтон Визардс - Атланта Хокс 103:101

Хокси успеаа да анулираат негатива од 21 поен во последната четвртина и на 14 секунди до крајот да го израмнат резултатот. Но Пол Пирс го спречи целосниот пресврт.

Антиќ имаше слаба партија и постигна еден поен, а најтешко за Хокси беше да го спречат расположениот Нене

Транзицијата во еден од нападите на Вашингтон

Мемфис Вориорс - Голден Стејт 99:89

Марк Гасол оствари дабл дабл учинок од 21 поен и 15 скока, а најпрецизен за Вориорс беше Зек Рендолф со 22 поени.

Топ 5 потези на вечерта