Таг: мемфис гризлис

Пукна рекордна историска победа во НБА од 73 поени разлика

3 декември 2021-ва ќе остане датум за паметење во најсилната кошаркарска лига во светот. Кошаркарите на Мемфис Гризлис ја посрамотија Оклахома Сити Тандер со до сега невидена победа од 152:79.

Главната ѕвезда до сега сезонава во НБА направи несекојдневен потег

Брон, Дејвис, Дурент, Вестбрук се стандардни на стартот на НБА сезоната. Стеф Кари растура како и обично, ама во лигата има еден играч кој после 8 меча е најголем спектакл за гледање.

Фрустрацијата на Њујорк Никс во една акција

После 49 одиграни кола сезонава, тимот на Њујорк Никс има 13 победи и 36 порази. Се наоѓа на претпоследното 14-то место во Источната конференција и привршува уште една од многуте мизерни сезони. Синоќа изгубија од Мемфис, а на 47 секунди пред крајот, кога губеа 18 поени разлика, целата фрустрација ја искалија врз Џае Краудер.

Гудуриќ почна да праќа на костозглобно во НБА

Српскиот репрезентативец Марко Гудуриќ, кој неодамна од Црвена звезда премина во НБА франшизата Мемфис Гризлис, почна да ги оправдува очекувањата. На пријателската со Њу Орлеанс Пеликанс, го измрда од зглобови Шај-Глиџис Александер.

Кога Винс Картер заби преку играч висок 2,18 и го смени погледот на кошарката

Авторот на најлегендарното „куцање“ во историјата на кошарката денес полни 41 година, и да, ден-денес игра на највисоко ниво.

Најлудата победа во НБА сезонава на стотинки до крај

На 0,6 секунди до сирената за крај, резултатот на мечот Феникс - Мемфис беше израмнет 97:97. Толку време им остана на Санси да ја фрлат топката од аут и да пробаат да изведат нешто. Мемфис го постави највисокиот Марк Гасол пред аутот за да штити, но Чендлер и Брендан Рајт смислија нешто.

Решено мистериозното убиство на НБА кошаркарот

Седум години траеше сагата и потрагата за убиецот на познатиот кошаркар Лоренцен Рајт кој играше во Мемфис, Сакраменто, Клиперс и други клубови. Сценарио какво не би можеле да предвидат ниту најлудите режисери.

Картер од кош на кош против Атланта

Ветеранот Винс Картер фати една топка под својот обрач на мечот против Атланта и го погоди противничкиот кош преку цел терен. На крајот сепак славеше поранешнот тим на Перо Антиќ.

Пол Пирс ја порази Атланта во последната секунда

Вашингтон и Атланта одиграа драматичен натпревар во кој ветеранот Пирс јуначки го реши мечот за водство од 2:1. На вториот меч најдобриот тим на западот, Голден Стејт загуби од Мемфис со 10 поени разлика.

Атланта и Мемфис го возвратија ударот

Перо Антиќ постигна 8 поени во втората плејоф пресметка на која Хокси го израмнија резултатот против Вашингтон. На другиот меч кошаркарите на Мемфис му го расипаа славјето на Стефон Кари кој го доби признанието за најдобар играч на сезоната.

Стеф Кари ги припитоми Гризлите и ќе стане МВП

После Вашингтон против Атланта, синоќа и Голден Стејт Вориорс со победа ја отвори полуфиналната серија на западната конференција. Воините подобри од Мемфис 101:86.

Атланта го чува домашниот терен, 8 поени за Антиќ

Синоќа Мемфис го совлада Портланд и закажа дуел со апсолутниот лидер Голден Стејт, додека Атланта е на чекор од следната рунда. Половина екипа на Хокси играше под повреда.

Драма на три натпревари, Атланта загуби од Мемфис

Само два поени за Перо Антиќ во поразот на Атланта од Мемфис Грзилис 94:88. Во саботата му дадоа 124 поени на Голден Стејт, а синоќа Хокси беа задржани на само 88 поени. Дури три натпревари се решаваа во последните секунди.

Снегот посилен од НБА, одложени два натпревари

Ноќта меѓу понеделникот и вторникот во НБА наместо планираните седум, се одиграа пет натпревари, поради снежната олуја во Њујорк која ги одложи натпреварите на Никси и на Бруклин Нетс.

Зошто Дурент заслужува да биде МВП

Оклахома губеше со 5 разлика на 15 секунди до крајот од вториот плејоф натпревар против Мемфис, а Кевин Дурент успеа во еден напад да постигне 4 поени, од кои 3 од невозможна позиција под фаул.

Четири поени за Антиќ во поразот од Мемфис

Перо Антиќ го одигра третиот претсезонски натпревар на кој неговиот тим доживеа нов пораз. Атланта Хокс загуби на домашен терен од Мемфис Гризлис со 82:90.

Гризлис промашија 6 пати за 9 секунди

Сан Антонио потешко од очекувањето ја забележа втората победа против Мемфис во финалето на западот и покрај тоа што имаа голема предност во текот на натпреварот. На полувремето водеа со 15 разлика, најмногу благодарени на ваквите промашувања.