Стеф Кари ги припитоми Гризлите и ќе стане МВП

После Вашингтон против Атланта, синоќа и Голден Стејт Вориорс со победа ја отвори полуфиналната серија на западната конференција. Воините подобри од Мемфис 101:86.

Без големи потешкотии Голден Стејт направи предност уште во првата четвртина и до крајот не ја испушти. Најефикасни во домашниот состав очекувано беа Сплеш браќата, Стеф Кари и Клеј Томпсон. Кари уфрли 22 поени и 7 асистенции, а репрезентативецот на САД го заврши мечот со 18 поени и 6 асистенции.

Кај гостите од Мемфис, локомотива беше Марк Гасол со 21 поен и 3 асистенции, а најголема поддршка имаше од Зак Рандолф со 20 поени и 5 проигрувања.

„Не мислам дека првиов натпревар го одигравме силно. На следните дуели треба да одиграме посилно и резултатот да биде во наша корист", изјави Марк Гасол после мечот.

Утрово Фокс спортс ја пренесе веста дека токму најдобриот играч на Голден Стејт годинава, Стеф Кари ќе биде прогласен за МВП на годината. Кари (30) би требало да ја добие наградата пред вториот натпревар од полуфиналната серија меѓу Голден Стејт и Мемфис кој се игра утре вечер.

Неверојатна асистенција на Кари до Грин:

ТОП 5 потези на вечерта:

НБА резултати:
Атланта - Вашингтон 98:104 (0-1)
Голден Стејт - Мемфис 101:86 (1-0)