Атланта со пораз го почна полуфиналето

Кошаркарите на Вашингтон Визардс ја победија Атланта 104:98 на гостувањето во Џорџија и поведоа во полуфиналето на источната конференција. Пет поени за 18 минути на Перо Антиќ. Следниот дуел се игра повторно во Атланта.

Визардс вечерва станаа првиот тим во историјата на НБА плејофот кој четири пати го добива првиот дуел од серијата на гостински паркет. Лани славеа против Чикаго Булс и Индијана, а сезонава против Торонто Репторс и сега Атланта.
 
Во исклучително израмнет натпревар, Вашингтон до победата стигна во последната четвртина, кога со гранитна одбрана ја ограничи Атланта на само четири коша од 26 шута од игра.
 
Дури шест кошаркари на Вашингтон имаа двоцифрен учинок, а поентерски најрасположен беше Бредли Бил со 28 поени и 7 скокови. Голем удел во триумфот имаше и Џон Вол со 18 поени, 13 асистенции и 7 скока. Дабл-дабл учинок забележа Полјакот Марчин Гортат со по 12 поени и скокови.
 
Кај Атланта, Демар Керол беше водечки стрелец со 24 поени, додека Ал Хорфорд имаше по 17 поени и скокови и 7 асистенции. Пол Милсап го заврши мечот со 15 поени, 12 скокови и 8 проигрувања. Перо Антиќ играше 19 минути и запиша по 5 поени и скокови. Следниот меч се игра повторно во Атланта, во вторник.
 
Страшно забивање на Мајк Скот (Атланта) од контра:
Ал Хорфорд ја сруши одбраната на Визардс:
Хајлајтс од мечот: