Главната ѕвезда до сега сезонава во НБА направи несекојдневен потег

Брон, Дејвис, Дурент, Вестбрук се стандардни на стартот на НБА сезоната. Стеф Кари растура како и обично, ама во лигата има еден играч кој после 8 меча е најголем спектакл за гледање.

Џа Морант е роден на 10 август 1999 година. Висок е 191 см и игра на позиција плеј. Во НБА го драфтуваа во 2019-та кога беше избран како втор пик од Мемфис Гризлис. Прв беше Зајон Вилијамсон.

На 2. јули 2019 Џа Морант потпиша 2-годишен договор со Мемфис Гризлис вреден 17 милиони и 897.000 долари. Дебитираше во НБА на 23 октомври 2019 и од тогаш е неизоставен дел од екипата. На крајот на сезоната 2019/2020 беше прогласен за НБА Руки на годината.

Сезонава е главен лидер на тимот и право уживање за гледање.

Во новата сезона 2021/2022 Џа Морант блеска. На отворањето против Кливленд уфрли 37 поени со по 6 скока и 6 асистенции. Против ЛА Клиперс 28-2-8, против Лејкерс огромни 40 поени, 10 асистенции и 3 скока, а доминацијата на паркетот ја потврди и на следните дуели со Портланд, со Голден Стејт, со Мајами Хит, со Денвер Нагетс на два пати по ред.

Токму против Нагетси го направи најјакиот потег досега во цела НБА лига сезонава:

Во последна четвртина од триумфот со Денвер Нагетс (Јокиќ имаше шут за израмнување во последна секунда), Џа Морант изведе и луд дриблинг зад грб:

Додека првиот пик на драфтот 2019 Зајон спие и јаде, Џа Морант растура на Западот во борбата за подобро место во плејоф.

Џа Морант како ураган влезе во новата НБА сезона. Во август младиот плеј наполни 22 години, а веќе во просек сезонава има 28,3 поени после 8 одиграни меча од регуларниот дел и се наоѓа на второ место на листата на играчи со најдобар учинок.

Лудачки настроен, со пријатна олд-скул самодовеба и беспрекорен лидер, Џа Морант е спремен за новиот маратон од 82 меча кој почна во октомври.

4 ноември 2021 - 10:25