Атланта и Мемфис го возвратија ударот

Перо Антиќ постигна 8 поени во втората плејоф пресметка на која Хокси го израмнија резултатот против Вашингтон. На другиот меч кошаркарите на Мемфис му го расипаа славјето на Стефон Кари кој го доби признанието за најдобар играч на сезоната.

Атланта - Вашингтон 106:90 (1:1)

Поените на Рамон Сешнс кој ја положи до горниот раб од таблата

Хајлатс од мечот на кој најпрецизен беше Демар Керол со 22 поени, додека Пол Милсап партиципираше со дабл дабл учинок од 18 поени и 11 скока.

Мемфис - Голден Стејт 97:90 (1:1)

По три меча отсуство поради операција, Мајк Конли се врати со маска на лицето и со 22 поени го однесе својот тим до победа против Голден Стејт.

Тони Ален го прочита додавањето на Кари

Стефон Кари го прими признанието за МВП на сезоната