Довчерашниот капитен на кошаркарската репрезентација на Македонија добива се поголема минутажа во Атланта. Перо Антиќ на синоќешниот натпревар одигра скоро 22 минути за кои одигра важна улога во одбранбените задачи на својот тим.
Антиќ постигна 4 поени (2/7 за 2 и 0/3 за 3 поени), а направи и 4 дефанзивни скока и украде 2 топки.
Неговиот тим загуби со 82:90, а најефикасен кошаркар беше Пол Милсап со 19 поени.
Следен натпревар е дуелот со Индијана кој ќе се одигра ноќта помеѓу вторник и среда во 1:30 часот по наше време.