
Иако повредени, Џеф Тиг и Ал Хорфорд некако истуркаа до крајот на мечот на кој беа најефикасни со по 20 поени. Атланта славеше 107:97 и сега води 3-2 во серијата со Нетс.
Бруклин имаше заостаток од 17 поени после првата четвртина, но успеа да фати приклучок. Сепак, Џеф Тиг со повреден зглоб уфрли неколку важни поени. ДеМар Керол беше најефикасен поединец на средбата со 24 поени.
За 18 минути на теренот, Перо Антиќ постигна 8 поени имаше 4 скока и една асистенција. Кај Нетси, прв стрелец беше Ален Андерсон со 23 поени. Бруклин е домаќин на следниот натпревар, кога Атланта ќе се обиде да ја заврши серијата и да се пласира во полуфинале.
Повредените Тиг и Хорфорд играа машки до крај:
Алан Андерсон со страшно забивање:
Марк Гасол го одведе Мемфис во полуфиналето:
ТОП 5 потези на вечерта:
Резултати:
Бруклин - Атланта 97-107
Портланд - Мемфис 93-99