Решено мистериозното убиство на НБА кошаркарот

Седум години траеше сагата и потрагата за убиецот на познатиот кошаркар Лоренцен Рајт кој играше во Мемфис, Сакраменто, Клиперс и други клубови. Сценарио какво не би можеле да предвидат ниту најлудите режисери.

ШТО И КАКО СЕ СЛУЧИЛО?

Ноќта на 19. јули 2010 година службата 911 во градот Џермантаун, во округот Мемфис добила повик од бројот на Лоренцен Рајт, познатиот НБА кошаркар.

Од другата страна се слушнале 11 истрели.

Лоренцен Рајт имал 34 години. Тринаесет од нив ги помина во различни клубови во НБА. И покрај неуспешната лотарија за пик на драфтот, тој стана еден од најсаканите спортисти во родниот Мемфис. Таму играл за средното школо, на колеџот, во НБА настапуваше за ЛА Клиперс, Атланта Хокс, Мемфис Гризлис, Сакраменто Кингс, Кливленд Кавалирс. Во Мемфис често учествувал на разни благотворно-хуманитарни иницијативи и многу го почитувале.

Кога го примиле повикот, диспечерите збунети, во конфузија не ја споделиле веднаш информацијата со полицијата.

На 22 јули мајка му на Лоренцен Рајт пријавила дека нејзиниот син е исчезнат и нема вести за него. И на 28 јули полицијата добила информација од службата 911 дека е востановена локацијата на јавување и најдено е машко тело во распаѓање од пеколните горештини тоа лето. Близу домот на неговата поранешна сопруга. Во убиениот Рајт пронашле пет куршуми: два во градите, два во черепот и една во десната рака.

ВО КОГО СЕ СОМНЕВАЛЕ?

Случајот брзо стана (се случи пред седум години) еден од најмистериозните во историјата на Мемфис. Не само поради тоа што полицијата брзо објавила дека поради големите температури и временското растојание од откривањето на лешот, тие тешко можеле да откријат повеќе докази, туку и поради личноста на самиот Рајт којшто растел во дел од градот со крајна сиромаштија.

Зад целиот случај имало и мистериозни околности на последните години од неговиот живот.

Тука било сомнително и поведението на неговата поранешна жена (Рајт се развел од неа не за долго пред смртта). Неговата поранешна жена Шера Рајт-Робинсон била очигледно најсомнителна, бар од роднините на кошаркарот и јавноста.

Робинсон била ќерка на кошаркарскиот тренер на Лоренцен Рајт. Тие двајца се запознале на кошаркарскиот терен во Нешвил кога кошаркарот имал 16 години, а таа 21. Таа имала и најочигледен мотив - во случај на смрт на Рајт таа ќе добиела 1 милион долари од осигурителна компанија. Таа била и последна која што го видела Лоренцен Рајт жив - според нејзиниот исказ, тој заминал од нејзиниот дом вечерта на 18. јули со „пакт наркотици“.

Сомнителноста за Шера како убиец на нејзиниот сопруг се засилила откако таа успеала да потроши еден милион долари (дадени за децата од осигурувањето) за 10 месеци.

Кога почнале да ја испитуваат на суд, се дознало дека таа парите ги потрошила на две ѕверски коли Cadillac Escalade и Lexus, изградба и реновирање на новиот дом (за еден мебел потрошила 70.000 долари), изградба на базен и многу атрибути на луксузен живот.

И воопшто однесувањето на Шера Рајт-Робинсон било нималку како на вдовица. Скоро после смртта на Рајт, таа издала книга „Господин Раскажи Ми Сè“ каде пишува за животот на некој кошаркар.

Тој израснал во Мисисипи, се преселил во Мемфис и се оженил за постара девојка од себе. Заиграл во НБА и по ништо не се разликувал од Лоренцен Рајт. Во својот „труд“, Шера Рајт драматично и бескурпулозно ги опишувала промените кај мажот и, како ги претепувала неговите љубовници како тогаш кога го уловила со стриптизети.

Чудно делувало што никој не се изненадил кога кореспондентот на Sports Illustrated во документарниот филм за убиството на познатиот НБА кошаркар директно ја прашал:

„Дали сте вмешана во убиството на Лоренцен Рајт?“

И пак никој не бил изненаден кога одговорот бил практично признание:

„Јас сум пред сè жена. Потоа мајка, а трето писателка. Правосудните органи се должни да сторат се за да се дознае кој е убиецот.“

Во меѓвуреме Рајт-Робинсон веќе се премажила за помошникот шериф Реџиналд Робинсон. Правосудните органи меѓутоа биле заинтересирани само за Шера Рајт на почетокот.

„Во почетокот бев навредена што спроведуваа истрага и за мене. Но таков е протоколот. Ако сте сопруга некому кој е убиен, вас први ве испитуваат. Дали јас сум осомничена? Секако дека не. Тоа беше вообичаена процедура. Кажаа дека списокот е долг и дека никакви вистински осомничени нема“.

Грабежот како една од верзиите бил елиминиран - колата на Рајт била на место, а скапиот накит му бил пронајден на телото. Основна верзија постепено се сведувала на тоа дека кошаркарот настрадал од рацете на наркодилери.

Тоа го поддржувала и самата Рајт-Робинсон.

Прво, таа рекла дека вечерта на 18-ти сопругот излегол со кутивче дрога, но не можела да прецизира колкава изгледала таа кутија. И дека тој притоа по телефон кажал дека „сака да плати за нешто 110.000 долари“.

Второ, таа рекла дека една недела пред исчезнувањето на Рајт кај неа дома дошле неколку вооружени мажи кој прашувале каде и е поранешниот сопруг.

Рајт во тоа време веќе пола година не играл кошарка, имал сериозни финансиски проблеми. Поради долгови кон банките, му конфискувале две палати од кои едната била проценета на 2,7 милиони долар.

Истовремено (и не сосема долго пред убиството), тој дал работи во наем на извесен Боби Кол, наркодилер од Мемфис. По апсењето
Кол раскажал дека добил два автомобили (Cadillac Escalade и Mercedes-Benz) кои му припаѓале на НБА кошаркарот Лоренцен Рајт.

Шера Рајт-Робинсон продолжила да тврди дека некои луѓе ја вознемирувале поради долговите на мажот и еднаш дури го задевале и син и во школо.

Но во еден момент Шера престанала активно да соработува со полицијата и се преселила во Хјустон каде наводно имала подобри услови за синовите.

„Како што кажа Џон Калипари: ’Не сакам да седам на маса со пластични вилушки и ножеви. Сакам да седам на маса каде се соопштуваат убави вести’. А јас сакам да седам на маса каде никој нема да ги ограби моите деца на милион долари зошто татко им заработил 50-60 милиони“, рекла Шера во судницата на рочиште посветено за добивката од осигурувањето.

Полицајци зборувале дека таа се опкружила себе со адвокати, го вклучила безвучниот режим и тогаш сфатиле дека има присуство на факторот страв.

КАКО ГО ОТКРИЛЕ ДЕЛОТО?

Во средината на ноември 2017. година во едно од езерата Мисисипи специјално обучена единица нуркачи на ФБИ го пронашла пиштолот со кој, како утврдила полицијата, бил застрелан Лоренцен Рајт. Токму оружјето било клучен доказ.

Полицијата го известила судот на чие име бил регистриран пиштолот и била спроведена балистичка експертиза. На почетокот на декември полицијата уапсила некој Били Тарнер, земјописец и дизајнер од Мемфис којшто привремено работел и во улога на ѓакон во месната мисионерска баптистичка црква.

Тарнер бил обвинет за убиството. Самиот ја одбил вината. Иако тој во ’90-те години неколку пати лежел за кражби, разбојништва, трговина со кокаин во затвор поминал околу четири години.

Во петокот, на 15. декември уапсена е и Шера Рајт-Робинсон. Полицијата востановила дека тие двајца одлично се познавале и дека жена му на Рајт порано ја посетувала црквата каде служел Тарнер.

Станало извесно и дека Тарнер и Рајт-Робинсон имале уште еден соучесник. Триото набавило оружје и направиле низа обиди - прво Тарнер дошол во Атланта каде во тој момент се преселил кошаркарот Лоренцен Рајт.

После сите апсења, мајка му на Рајт изјавила дека мотивот на поранешната жена сигурно ѝ биле парите која што во тој случај таа ги земала од осигурување.

„Фала Му на Исус! Фала Му на Исус! Конечно стигнаа до неа! Должни се да одговараат!“, рекла мајка му на Лоренцен и запалила свеќа на гробот на синот.