Таг: сакраменто кингс

Тројца пацери на Далас дремеа под кош и гледаа како губат со звукот на сирената

Далас Маверикс е тапа без Лука Дончиќ и бележат пет порази на последните седум средби. Последната ја загубија многу аматерски со тројка во последна секунда.

Ракетна тројка на Немања во последна секунда за победа над Хјустон

Во ноќта меѓу понеделник и вторник, Сакраменто Кингс со 119:118 победи еден од фаворитите за титулата Хјустон Рокетс, со кош со звукот на сирената од девет метри на Немања Бјелица.

Најинтересна забавена снимка на колото во НБА

Бостон Селтикс после првиот пораз на стартот од новата сезона во НБА, нанижаа неверојатни 10 победи по ред. Синоќа изгубија за „пола кош“ во Сакраменто 100:99, а милиметри ги делеа од продолжување на лудата серија. Маркус Смарт во последна секунда влезе на положување за победа и...

Картите за првиот НБА меч во Индија распродадени за 2 часа

Сите влезници предвидени за првиот историски НБА ревијален натпревар во Индија отишле како алва. Индијците едвај чекаат да ги гледаат суперѕвездите од најдобрата кошаркарска лига на светот.

Како Предраг некогаш, Богдан со тројка ги сруши ЛА Лејкерс

Во едно од некогашните најголеми дерби средби во НБА, Сакраменто со 117-116 го совлада тимот на Лејкерс и тоа со тројка буквално во последната секунда. Стрелец Богдан Богдановиќ, наследникот на легендарниот Пеѓа Стојаковиќ.

Кошаркар на Минесота удираше блокада со патика во рака

Минесота тргнува во напад против Сакраменто. На Таџ Гибсон во еден момент му лета патиката. Ја зема во рака и го брани нападот на Сакраменто. Па дури и скока со патика и успева да му удри банана на Немања Бјелица.

Најјако забивање на вечерта во НБА - Грк преку Грк

Јанис „Greek-freak“ Адетокумбо продолжува да ги понижува противниците во НБА. Кошаркарот на Милвоки Бакс е можеби најголем претендент за наградата МВП сезонава и тоа веќе после 9 меча.

Кога Винс Картер заби преку играч висок 2,18 и го смени погледот на кошарката

Авторот на најлегендарното „куцање“ во историјата на кошарката денес полни 41 година, и да, ден-денес игра на највисоко ниво.

Решено мистериозното убиство на НБА кошаркарот

Седум години траеше сагата и потрагата за убиецот на познатиот кошаркар Лоренцен Рајт кој играше во Мемфис, Сакраменто, Клиперс и други клубови. Сценарио какво не би можеле да предвидат ниту најлудите режисери.

Јунаците на Сакраменто за кои останувавме будни

Биби, Вебер, Дивац, Даг Кристи, Стојаковиќ, Хидо Туркоглу, Скот Поларт, Боби Џексон против Коби, Рик Фокс, Шекил, Дерек Фишер и Роберт Хори. Каков мегдан беше тој поради кој се каснеше на работа, во школо, на факултет.

Како Шек го зафркавал Дивац пред финалето

Сакраменто и Лејкерс во 2002. година го одиграа можеби најепското конференциско финале во НБА. Сите ги паметиме седумте дуели од кои Лејкерс излезе како победник (4:3). Пред еден меч Шек решава да му испее песна на Дивац која што ја смислил во моментот.

Со 175см да залепиш центарски тешкаш

Плејот на Бостон Селтикс, Ајзеа Томас има голем одраз, така што висината од 175 сантиметри не му смета да лупа банани и на некои повисоки играчи, како на пример на ДеМаркус Казинс, најдобриот играч на Сакраменто Кингс.

Шутерската престрелка на Каспи и Кари

Средбата Голден Стејт - Сакраменто 122-103 ја одбележи шутерското шоу на Стеф Кари и на Омри Каспи кој се испостави дека не му се дава на МВП-то. Каспи го заврши мечот со 9/12 погодени тројки и највисоки во кариерата 36 поени. Од друга страна, Кари имаше 5/5 за три и 17 поени постигнати во само три минути игра.

Забивање на годината во НБА?

„Немав забиено преку три години“, изјави Ражон Рондо после мечот против Никс на кој за малку обрачот не му остана во рака. Рондо имаше голем удел во триумфот на Кингс со 16 поени, 12 асистенции и 9 скокови, а неговиот соиграч Квинси Ејси имаше интересна реакција на клупата.

Атланта сруши рекорд со тројки за 50 победа сезонава

Освен што постигнаа сезонава најмногу поени. дури 130 во триумфот над Сакраменто Кингс, Јастребите погодија и 20 тројки што е рекорд на франшизата. До 50-та победа стигна и Голден Стејт Вориорс, а 50-от пораз го доживеа Њујорк Никс.

Брадата Харден уфрли 40 поени

Синоќа во НБА на програмата беа пет натпревари, а вечерта ја одбележа кандидатот за МВП на регуларниот дел од сезоната, Џејмс Харден. Кошаркарот на Хјустон уфрли 40 поени во триумфот на „ракетите“ против Феникс Санс 127:118

Го паметите ли Џејсон Вилијамс?

Еден од најдобрите асистенти во историјата на НБА лигата знаеше и мижеечки да ја додаде топката во секое време. Се пензионираше пред три години и ги носеше дресовите на Мемфис, Сакраменто, Мајами и Орландо. Во силно друштво на Крис Вебер, Дивац и Стојаковиќ, Кингси им пркосеа на Лејкерси со Коби, Шек и Одом. 

Рекордна ноќ за Атланта

Кошаркарите на Атланта Хокс врзаа две победи совладувајќи ги Сакраменто Кингс на натпревар на кој „Јастребите" срушија и израмнија неколку рекорди. Антиќ доби пет ипол минути.

Прва гостинска победа за Антиќ и Атланта

Сакраменто Кингс им станаа редовни пациенти на Атланта Хокс. Кошаркарите на Атланта ја забележаа 11-та победа во серија над овој тим, а ова воедно е прв гостински триумф за Атланта и Перо Антиќ оваа сезона.