На стадионот NSCI Dome во Мумбаи се предвидени два натпревари меѓу Индијана и Сакраменто Кингс. Дуелите ќе се играат на 4 и 5 октомври, а цената на билетите движела од 60 до 110 долари, пишува PuneMirror.
Ова ќе биде прв меѓусебен натпревар на две екипи од лигите на Северна Америка кои ќе играат во Индија.
Организатор е самата НБА лига, која што со своите партнери BookMyShow и AEG околу големата сала планираат и неколку интерактивни навивачки активности. Натпреварите на Индијана и Сакраменто ќе се пренесуваат во живо во Индија и во повеќе од 200 други земји.
Сопственикот на Кингс, Вивек Ранадиве е првиот Индиец владетел на НБА клуб. Што се однесува до индивидуалци, од 2006 година па наваму, повеќе од 35 поранешни НБА и ВНБА играчи заиграле во Индија. НБА во Мумбаи има канцеларија од 2011 година.
Од друга страна, првиот Индиец кој бил одбран на НБА Драфт беше Сатнам Синг во 2015-та година кога за него се заложи Далас Маверикс како 52. пик на Драфтот.
Сатнам играше во Летната лига за Далас, а потоа беше пратен во Џ-развојната лига, во филијалата на Далас, Тексас Леџенндс за сезоната 2016/2017. Сатнам одиграл само 8 меча и имал по 1,6 поени и 1,3 скока во просек по натпревар. Во моментов тој игра за тимот Сент Џонс Еџ во Канада.