Кошаркарите на Атланта доминираа во текот на поголемиот дел од натпревар и на полувремето водеа со 45:54, а во последната четвртина влегоа со водство од 17 поени.
Но Сакраменто не се предаде и на 32 секунди до крајот стигнаа до само 3 разлика, а во последните 3 секунди Томас имаше и шанса да израмни, но сепак на крајот Атланта победи со 100:105.
Перо Антиќ одигра 15 и пол минути за кои постигна 5 поени (2/4 од игра и 1/3 за 3), а имаше и по еден скок и една блокада.
Најдобри кај Атланта беа Ал Хорфорд со 27 поени и 10 скока и Пол Милсеп со 25 поени и 11 скока, а дабл-дабл учинок имаше и Тиг со 18 поени и 10 асистенции. Најефикасен кај Сакраменто беше Томас со 26 поени.
Во петок наутро во 3 часот по македонско време Атланта гостува кај Денвер Нагетс.
Резултати:
Сакраменто - Атланта 100:105
Торонто - Мајами 95:104
Бруклин - Јута 104:88
Детроит - Индијана 91:99
Њујорк - Шарлот 97:102
Њу Орлеанс - Феникс 98:104
Далас - Лејкерс 123:104
Денвер - Сан Антонио 94:102
Портланд - Хјустон 101:116