Тројца пацери на Далас дремеа под кош и гледаа како губат со звукот на сирената

Далас Маверикс е тапа без Лука Дончиќ и бележат пет порази на последните седум средби. Последната ја загубија многу аматерски со тројка во последна секунда.

На 30 секунди до крај при резултат 94:92, кошаркарите на Далас Маверикс со влез под кош, не реализираа два поени со кои можеа да го добијат мечот.

Финишот беше драма и кога сè изгледаше дека е готово, Далал мислеше дека 3 и нешто секунди се премалку за домаќините да направат пресврт.

Одбраната им беше тотално конфузна и дури тројца кошаркари беа гледачи под кош во моментот кога Чимези Метју ја реши со тројка за конечни 94:95.

Тројката со звукот на сирената.

Последните 2 минути од мечот.

Дончиќ го нема на последните девет средби, прво поради повреда, а потоа поради контакт со заразен од Ковид.

30 декември 2021 - 12:22