Таг: далас маверикс

Дончиќ и Далас настрадаа поради лудачки кош со звукот на сирената

Нова маестрална партија на Лука Дончиќ кој се чинеше дека го реши Кливленд со убава асистенција во финишот вредна победа. Но овој пат играч од спротивниот табор се претвори во Дончиќ и цела сала ја фрли во делириум.

Циркуз во НБА, Дончиќ и другарите играа на еден кош, Голден Стејт на друг

И тоа дочекавме да го видиме и тоа во најсилната кошаркарска лига во светот. Петорката на Далас стои на едната половина, а противниците постигнуваат поени на другата. Судијата им ги призна.

Лудите 4 секунди во режија на Дончиќ

Пресвртот на сезоната во НБА оди вака. На 26 секунди до крај, Далас губи од Њујорк со 9 поени разлика, а на 4 секунди е на само -3. Лука изведува слободни фрлања, првото го дава, второто го промашува намерно, прави офанзивен скок и погодува за израмнување, за во продолжение и да победат.

Историски мега трипл дабл на Лука Дончиќ

Балканското шоу во НБА лигата не запира, благодарение на сè подобрите Јокиќ и Дончиќ кои прават растур систем и постигнуваат бројки за историја. Словенецот ноќеска се надмина себе си.

Тројца пацери на Далас дремеа под кош и гледаа како губат со звукот на сирената

Далас Маверикс е тапа без Лука Дончиќ и бележат пет порази на последните седум средби. Последната ја загубија многу аматерски со тројка во последна секунда.

И со Лејкерски имаше драма и пол со две тројки во финиш

Оклахома Сити Тандер и Њу Орлеанс Пеликанс ја изрежираа најлудата НБА завршница сезонава, а во ноќта на луди завршници со поени во последните секунди се приклучија и кошаркарите на Лос Анџелес Лејкерс.

Џејми Фокс и Лука Дончиќ шутираа тројки, глумецот блесна

Далас Маверикс поминува низ многу тежок период со дури 5 порази на последните 6 меча. Синоќа убедливо изгубија 114-96 од Кливленд Кавс. Дончиќ имаше јак меч со трипл-дабл: 25 поени, 10 скока и 10 асистенции. Пред дуелот стигна да шутира тројки со прославениот холивудски глумеџ Џејми Фокс (53) кој се покажа како добар тројкаш.

Лука Дончиќ даде многу чуден кош

Далас Маверикс го совлада ЛА Клиперс 122-114 во меч од пред-сезеоната. Лука Дончиќ одигра 18 минути, имаше 14 поени, 8 скока и 9 асистенции. Ама она што го направи на загревањето досега е ретко видено на кошаркарските паркети.

Цела управа на Далас, претседателот, директорот и Дирк Новицки дојдени во Љубљана за Дончиќ

Суперѕвездата на Далас се договорил со клубот за продолжување на соработката на нови пет години.

Лука Дончиќ се враќа да ја носи Словенија на Олимпијада: „Нема одмор за мене“

Еден од најдобрите светски кошаркари на денешницата добил фантастична понуда за нов договор за да остане во Маверикс во следните неколку години, а во меѓувреме се враќа во Словенија.

Бобан ко да игра со деца на кош во двор

Еден од двајцата највисоки кошаркари во цела НБА, Бобан Марјановиќ доби дваесетина минути во триумфот на Далас Маверикс над ЛА Клиперс 105:100 во „Стејплс Центар“ каде Дончиќ блесна со 42 поени. Мавси водат 3:2 а Бобан на овој дуел си поигруваше со ривалите ко со деца.

Нова фантазија од Лука Дончиќ, постигна 42 поени за нов триумф!

Кошаркарите на Далас Маверикс по трет пат во плејоф серијата го победија фаворитот ЛА Клиперс, овојпат со резултат 105:100 и сега водат 3:2 во 1. коло.

Луда партија на Дончиќ, немаше поддршка па Далас изгуби

Лука Дончиќ одигра нов блескав меч во НБА плејофот каде формата му е во уште понагорна форма од она што го прикажуваше во регуларниот дел. Репрезентативецот на Словенија на мечот кој неговиот Далас го изгуби од ЛА Клиперс 118:108, постигна 44 поени со 9 скока и 9 асистенции. Имаше 7 тројки од 13 обиди.

Лука Дончиќ пак му одржа лекција на фаворитот за титулата ЛА Клиперс

И покрај тоа што цела сезона играа по принципот топло-ладно, кошаркарите на Далас Маверикс направија голем подвиг и после 2 меча во плејофот против ЛА Клиперс веќе имаат 2-0 и тоа среде Лос Анџелес.

Дончиќ нервозен удри под појас, па го исклучија

Далас убедливо со 124:97 го смачка Кливленд Кавалирс и стигна до 40. победа во регуларната сезона. Мечот остана во сенка на исклучувањето на Лука Дончиќ кој не издржа провокации од ривалот Сакстон и со тупаница го удри под појасот и го турна.

Лука Дончиќ го скроти дрим-тимот на Бруклин

Бруклин Нетс од „нигде-никаде“ среде сезона направи страшен состав кој треба да конкурира за титулата. Кевин Дурент, Блејк Грифин, Кајри Ирвинг и Џејмс Харден ќе го напаѓаат пехарот, ама како стојат работите формата им е во надолна линија. Далас Мавс им го нанесе четвртиот пораз во низа 113-109.

Потег кој покажува зошто Лука Дончиќ е хит во НБА

Далас Маверикс е на добар пат да го осигура местото во плејофот откако синоќа со 127-113 го доби Мајами Хит. Тим Хардавеј Џр даде 36 поени со 4 скока и 1 асистенција а Лука Дончиќ имаше 23 поени, 12 скока, 8 асистенции и неколку луди потези.

Јута Џез растураше додека не дојде Лука Ел Нињо Маравиља

Екипата на Јута е најдобра во цела НБА лига во моментов. Џезерите имаа дури 9 победи по ред, ама Далас Маверикс предводен од Дончиќ им ја прекина серијата.

Нови трикови од циркузот на Лука Дончиќ

Во првиот меч како 22-годишен откако прослави роденден во неделата, Лука Дончиќ уфрли 33 поени со 10 скока и 9 асистенции во победата на Далас Маверикс над Орландо Меџик 130-124. Лука имаше и пар луцидни додавања.

Колекционерска картичка со автограм од Лука Дончиќ продадена за 4,6 милиони долари

Американците со децении негуваат посебен однос кон колекционерство на картички со потпис од познати бејзбол играчи, кошаркари, фудбалери, рагбисти. Една таква картичка со потпис од Дончиќ продадена за страшна сума.

Лука Дончиќ со рекорд на кариерата

Асот на Далас го одигра најдобриот меч откако е во НБА. Во триумфот на Маверикс над Њу Орлеанс Пеликанс 143:130, Лука Дончиќ уфрли 46 поени (12/22 за два, 5/8 за три и 7/9 слободни фрлања) со 8 скока и 12 асистенции.

Дончиќ даде тројка со нога

По катастрофална серија од неколку порази по ред кои скоро ги исфрлија од игра за плејоф, кошаркарите на Далас Маверикс сега врзаа две победи по ред. Синоќа ја совладаа Минесота 127-122. Лука Дончиќ даде 26 поени а уште на загревање се виде дека е во ритам.

Јак дуел на Јокиќ и другар му Дончиќ

Денвер и Далас Маверикс одиграа супер дуел кој го добија Нагетси 117:113. Јокиќ уфрли 20 поени и 10 скока, а Дончиќ одново имаше ѕверска партија со трипл-дабл.

Обрачот тролаше кошаркар на Далас

Интересен момент се случи на средбата Феникс - Далас (106:102), кога после шутот на Џош Ричардсон од Маверикс, топката 5 пати се вртеше околу обрачот пред да влезе. Играчите се изнасмеаа.