Далас води 3:0 и е на чекор до финале по пауза од 13 години

Во третата пресметка од финалето на Западната конференција, Далас Маверикс ја доби Минесота со 116:107 и за два дена ќе има можност да му направи чистка на незгодниот противник кој го елиминираше шампионот Денвер. 3:0 има и Бостон против Индијана.

Лука Дончиќ и Кајри Ирвинг беа диригенти на триумфот на Далас кој со 3:0 е на само една победа во големото финале кое се надѕира да биде против Бостон.

И двајцата кошаркари постигнаа по 33 поени и беа најдобри на паркетот. Најголемата помош ја добија од Пи Џеј Вашингтон кој оствари 16 поени и 8 скока, а во поразениот тим Ентони Едвардс имаше 26 поени, 9 скока и 9 асистенции.

Натпреварот пружи неизвесна и борбена кошарка во која екипите се менуваа во водството. Минесота успеа да направи пресврт во последната четвртина и да поведе со 92:89.

За издвојување се последните 4 и пол минути од мечот кога на семафорот стоеше 104:104. Тогаш домаќините направија неколку клучни феноменални напади и со серија од 11:1 го уништија противникот.

Дончиќ поентираше со освртување еден на еден во стилот на Џордан, а потоа му намести цепелин на Даниел Гафорд за делириум на трибините. Важни поени постигна и Ирвинг, а тројка погоди Пи Џеј Вашингтон.

Кошаркарите на Минесота вушност се изгубија кога домаќинот ги зададе последните удари и го загубија мечот кој носеше голема неизвесност. 

Ниту еден клуб не се вратил после 3:0 во историјата на плејофот. НБА статистиката вели дека резултат во такви случаи е 154:0.