Бостон го отвори НБА финалето на домашен терен со убедлив триумф од 107:89 и најави дека ќе гризе кон нов шампионски прстен, прв по 16 години или вкупно 18-ти што би било рекорд. Во моментов се израмнети со Лејкерси со по 17.
Победата ја најавија уште во првата четвртина во која тргнаа на јуриш и имаа капитални 17 поени разлика (37:20).
На полувреме водеа +21, а најрасположен и најмотивиран беше Кристапс Порзингис кој од вкупно 20 поени на цел меч, 18 ги постигна во првиот дел.
Далас немаше никакви шанси да ја стопи високата разлика која во еден момент изнесуваше и 29 поени.
Лука Дончиќ си го стори своето со 30 поени и 10 скока, но доби многу слаба помош од Кајри Ирвинг кој мечот го заврши со само 12 поени и шут од игра 6/17. Вашингтон постигна 14 поени, а Харди 13.
Кај Бостон пресуди тимската игра. Дури шестмина завршија со двоцифрен број на поени. Браун постигна 22 поена, а Тејтум оствари дабл дабл учинок со 16 поени и 11 скока.
И вториот меч се игра на теренот на Бостон, в понеделник во 2 часот.
SERIES-OPENING STATEMENT FROM JAYLEN BROWN 🚨
— NBA (@NBA) June 7, 2024
22 points
3 steals
3 blocks
1 HUGE poster
Boston takes 1-0 lead... Game 2 is Sunday at 8pm/et on ABC 🍿 pic.twitter.com/EZP8ZPpt0A
Pep in Boston for the NBA Finals ☘️🔥 pic.twitter.com/o34v5z5wNZ
— ESPN FC (@ESPNFC) June 7, 2024