Таг: бостон селтикс

Лудорија на Бостон, со кош во последна десетинка од 3:0 стигнаа до 3:3

Денвер и Јокиќ ги збришаа Лејкерси и Леброн со 4:0. Гледаат и го чекаат противникот во финале кој ќе го добијат после седми натпревар. На Истокот се случува една од најнеизвесните и најдраматични завршници.

Центарот на Бостон има нов изум во играта во одбрана

Лук Корнет е висок 218см. Погледнете како ја користеше неговата висина ноќеска на мечот против Кливленд. Не сме виделе до сега некој вака да го чува кошот во НБА.

Безобразно дрска завршница на Џордан Пул од пола терен

Кошаркарите на Голден Стејт го возвратија ударот во вториот натпревар од големото НБА финале против Бостон Селтикс и тоа убедливо со 19 поени разлика.

Необичниот пат на Кевин Гарнет, од судење во средно школо до НБА легенда во Куќа на славни

Во еден момент толку малку е потребно животот да тргне по права или крива насока. На своја кожа ова најдобро го осетил легендарниот НБА шампион, МВП и член на Куќата на славни.

НБА ѕвездата која верува дека Земјата е рамна и брка зли духови со жалфија

Човекот кој не е разбран речиси од никој поради контроверзните ставови за животот. Важи за еден од најдобрите играчи на денешницата, ама во управата на НБА официјалните лица со чудење гледаат на некои негови потези и дури сметале дека имал „ментални проблеми“.

НБА шампион во 2008-ма, сега држи лекции со пивски стомак

Глен „Биг Бејби“ Дејвис има 34 години (роден 1986). После колеџ баскетот, Сиетл СуперСоникс го бира како 35. пик на драфтот во 2007-ма. Патот го носи во Бостон Селтикс каде во 2008-ма освојува дури и шампионска титула. Играше уште и за Орландо Меџик и ЛА Клиперс. Сега тапка баскет во Канада каде им држи лекции.

Од каде потекнува традицијата титула во НБА да се слави со пура?

Ред Ауербах бил најинтригантниот НБА тренер на сите времиња. Тој е основополжник на современиот баскет а неговата итрина со пура да покажува надмоќ и да ги иритира противниците на сред паркет денес стана неизбежна традиција при прославата на шампионски прстен во НБА.

Луда тројка со звукот на сирената, Торонто се извлече во последна секунда

НБА плејофот од ноќ во ноќ станува сè појак. Синоќа кошаркарите на актуелниот шампион Торонто со кошот на О-Џи Ануноби буквално во последна секунда го совладаа Бостон и намалија на 2-1 во полуфиналето на Истокот.

Највисокиот играч во НБА учеше да плива

Со 226 сантиметар, Тако Фол е највисокиот кошаркар во НБА. Ама колку што е добар под обрачите, толку не знаел да плива. Вакво нешто не се гледа секој ден - Енес Кантер и Џајлен Браун го учат Тако Фол да плива.

Оди види дали сум таму

И таму ли сум? Праша Рондо од Бостон во источното конференциско финале против Мајами пред 8 години.

Што прави во карантин највисокиот кошаркар во НБА лигата

Тако Фол е еден од поинтересните кошаркари во НБА лигата, не поради вештините туку поради невообичаената висина од 226 сантиметри која го прави највисок во цел кошаркарски свет.

Двајца кошаркари на Лејкерс, еден на Бостон Селтикс позитивни на вирусот

Од ЛА Лејкерс соопштија дека двајца играчи од нивниот ростер биле позитивни на тестирањата, само неколку часа откако четири играчи на Нетс, последниот противник на Лејкерс биле позитивни.

8 сезони во НБА, заработил 19 милиони долари, а сега е скитник кого го тепале на улица

Банално звучи, но крајот на спортскиот живот понекогаш знае да биде многу неблагодарен. Може да се случи некој денес да е екстраталент а веќе утре целосно да го снема од радарот.

Турците го цензурираат Кантер од НБА на чуден начин

Очигледно следбеници на турската државна политика, некои од луѓето кои ги водат тамошните кошаркарски сајтови го цензурираат кошаркарот на Бостон Селтикс, Енес Кантер кој се смета за голем непријател на турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган.

Најинтересна забавена снимка на колото во НБА

Бостон Селтикс после првиот пораз на стартот од новата сезона во НБА, нанижаа неверојатни 10 победи по ред. Синоќа изгубија за „пола кош“ во Сакраменто 100:99, а милиметри ги делеа од продолжување на лудата серија. Маркус Смарт во последна секунда влезе на положување за победа и...

Нема потреба да скока, висок е 2.31

Тако Фол има 23 години, а висок е 2.31. Во летната лига игра за Бостон Селтикс каде ќе се обиде да добие договор. На последната средба против Кавс дал 9 коша имал 3 скока и 1 блокада за 11 минути.

Леброн Џејмс не е од оваа планета

Просто не е реално колку стварно игра сам. Соиграчите му се толку некадарни што „Кралот“ мораше сам да ги добие Селтикс среде Бостон пред преполна сала и да влезе во своето ОСМО финале по ред во кариерата (има девет вкупно во 15 сезони во НБА). Синоќа имаше учинок 35 поени, 15 скока и 9 асистенции! Монструозно.

Маестрални влезови во НБА 2017

Годината со која се поздравуваме донесе врвни потези во најдобрата светска лига. Од Кајри Ирвинг преку Дерик Роуз до Ајзеа Томас, НБА мајсторите со топка правеа чуда.

Ги победи НБА ѕвездите, лежеше во Идризово а сега е шаман

Младите и перспективни режисери сериозно би требале да подразмислат за идејата да се сними филм за Србинот Дејан Котуровиќ. Овој некогашен кошаркар стана Европски шампион во 1995 во легендарното финале во Атина, а во 2002 година стана Светски првак откако претходно со СР Југославија сензационално ја победи Америка во четвртфиналето во Индијанаполис. Играше и за Бостон Селтикс во НБА. Пред некоја година на граничниот премин Богородица го уапсија поради тоа што имал неисправни документи за крадено возило по што 3 месеци беше на робија во Идризово. Во последно време се бави со шаманство.

Бидна и најголемата трампа во НБА летово

Двете најсилни екипи од Источната Конференција ги разменија плејмејкерите (првиот и последниот избор од Драфтот 2011): Кајри Ирвинг оди во Бостон а Ајзеа Томас во Кливленд.

Саатници за финалето во НБА по наше време

Кулминацијата во НБА дојде до точка на топење: Раководството на лигата ги соопшти датумите за финалните средби кои започнуваат од 1. јуни и во кои Стефон Кари и Дурент го чекаат подобриот од дуелот Кливленд - Бостон на Истокот.