Лудорија на Бостон, со кош во последна десетинка од 3:0 стигнаа до 3:3

Денвер и Јокиќ ги збришаа Лејкерси и Леброн со 4:0. Гледаат и го чекаат противникот во финале кој ќе го добијат после седми натпревар. На Истокот се случува една од најнеизвесните и најдраматични завршници.

Кошаркарите на Бостон Селтикс се пред историско чудо во НБА лигата кое се нема случено никогаш.

По негатива од 3:0 против Мајами во финалната серија на Источната конференција, се вратија од мртвите и врзаа три победи по ред.

Во понеделник вечер пред своите навивачи можат да станат првата НБА екипа во историјата со кам бек од 3:0 на 3:4.

Мечот на Флорида го добија на херојски начин во последниот напад на мечот за кој на располагање имаа само 3 секунди. Јунакот е Дерик Вајт кој погоди за конечни 103:104.

Неизвесноста траеше и по постигнувањето на неговите два поени, бидејќи на никој не му беше јасно дали поентираше пред или по истекот на сирената.

Селтикси се првата НБА екипа во историјата која закажала мајсторка после негатива од 3:0.

Тејтум со 31 поени беше најдобар кај Селтикс, Браун уфрли 26, додека кај Мајами, Батлер беше најефикасен со 24 поени.

Мајсторката во Бостон ноќта помеѓу понеделник и вторник во 2:30 часот.

— NBA (@NBA) May 28, 2023

28 мај 2023 - 08:08