Безобразно дрска завршница на Џордан Пул од пола терен

Кошаркарите на Голден Стејт го возвратија ударот во вториот натпревар од големото НБА финале против Бостон Селтикс и тоа убедливо со 19 поени разлика.

Вориорс славеа пред своја публика 107:88 и израмнија на 1:1 во финалната серија, која за следните две пресметки се сели во Бостон.

Клучот на триумфот се случи во третата четвртина која ја добија со 35:14 и тоа правејќи јака серија од 19:2.

Стефон Кари беше предводник со 29 поени, а Џордан Пул постигна 17 и влезе во историјата на НБА со 22 години како најмлад со најмалку пет тројки во еден финален меч.

Потегот на мечот на Пул кој одигра лудачки со звукот на сирената, токму во таа клучна трета четвртина.

Атрактивната завршница на Кари

Кај Бостон најрасположен за игра беше Џејсон Тејтум со 28 поени.

Третата битка е закажана за ноќта меѓу среда и четврток во 3 часот по македонско време.

6 јуни 2022 - 10:24