Тако Фол (24) доби двонасочен договор од Бостон Селтикс што значи дека првата сезона, актуелнава, ја игра воглавном во Развојната лига, а на Бостон му се приклучува одвреме-навреме кога ќе затреба.
Фол веќе неколку месеци е омилен лик меѓу следбениците на НБА. Навивачите во салата на Бостон често знаат да го скандираат неговото име со цел да го „буцнат“ тренерот Стивенс да го страви во игра кога мечот е веќе решен долго пред крајот.
Тако Фол се појави и на овогодинешниот Ол-Стар викенд кога на натпреварот во најдобри забивања Арон Гордон од Орландо скокаше преку него.
Екстремнатра висина на Тако Фол е негова најголема предност на паркетот а приватно колку е добро толку знае да биде и незгодно. Изолацијата која е на сцена во цела Америка го натерала Тако Фол да сними видео во кое покажува кои се предности а кои маани на запрепастувачката висина.
Фол покажа како му е кога се тушира, како се наведнува секогаш кога проаѓа низ врата ама и како лесно става кутија на врв од плакар.
„Кога јас возам нормална кола е како кога вие возите картинг количка“:
Life as Tacko isn’t always easy 😂🌮
— Handles (@HandlesNBATV) March 23, 2020
(via elhadjifall99/TikTok) pic.twitter.com/QGdYjn5RMT
Сезонава Сенегалецот одигра на шест меча и имаше просек од скромни 3,2 поени и 1,8 скока за четири минути. Во Развојната лига има подобар учинок со 12,9 поени, 11,1 скокови и 2,9 блокади.