Таг: бостон селтикс

Големото срце на малиот Ајзеа Томас од Бостон

Иако не поминаа 24 часа од сообраќајната несреќа во која загина неговата сестра, Ајзеа Томас со насолзени очи го водеше Бостон на неверојатен начин против Чикаго Булс во плејофот.

Дарио Шариќ „крши кичми“ во НБА

Најдобриот хрватски играч во моментов, Дарио Шариќ одигра маестрална партија за Филаделфија против Бостон. Шариќ имаше дабл-дабл учинок а во еден момент го понизи Јаребко со одличен потег.

Се пензионираше и најдобриот тројкаш на сите времиња во НБА

По Коби Брајант, Кевин Гарнет и Тим Данкан, уште една легенда која што ги одбележи претходните 20 години во НБА, реши да се повлече. Реј Ален замина во пензија.

Со 175см да залепиш центарски тешкаш

Плејот на Бостон Селтикс, Ајзеа Томас има голем одраз, така што висината од 175 сантиметри не му смета да лупа банани и на некои повисоки играчи, како на пример на ДеМаркус Казинс, најдобриот играч на Сакраменто Кингс.

Иновација во одбраната од Леброн

Со 24 поени на Кралот Џејмс и 20 на Кевин Лав, кошаркарите на Кливленд го совладаа Бостон на гости 89:77. Мечот го одбележи несекојдневниот потег на Леброн Џејмс кога сфати дека доцни да го блокира противникот во шутот за три.

Луди завршници во НБА

Трипл-дабл на Рондо, продолжување на серијата на Филаделфија со осми пораз по ред и неколку натпревари решени во последните секунди е епилог на лудата ноќ во НБА лигата.

541 заедничка победа на триото на Сан Антонио

Во ноќта меѓу неделата и понеделникот, победи во НБА остварија Атланта, Сан Антонио, Мајами, Торонто, Чикаго, Оклахома и Далас.

Од баскет и борба со СИДА до здрав мултимилионер - Меџик Џонсон

30 години од првата титула со Лејкерс и 24 години од јавната објава дека боледува од СИДА, денес поранешната НБА ѕвезда е претприемач со енормен успех кој учествува и во политичкиот живот на САД.

Комплетната историја на НБА лигата

Како можеш да оцениш еден НБА тим низ децениите? Единствен метод за тоа е Ело, систем кој се користи во шахот за мерење на релативниот квалитет на еден играч, базиран од натпревар до натпревар.

Краудер доби ќотек од Кавалирс

Прекарот им е Кавалерс, но синоќа против Бостон немаа ништо кавалерско, особено против Џае Крадер кој толку ќотек не доби цел сезона претходно.

Чистка на Истокот, Кливленд и Визардс одат понатаму, Далас преживува

Кошаркарите на Вашингтон и Кливленд се пласираа во следната рунда на источната конференција. ЛА Клиперс го доби Сан Антонио и израмни на 2-2 во серијата, во која Далас уште се држи со Хјустон Рокетс.

На фаворитите им се брза, вечер на Леброн, Кари и Роуз

На Чикаго Булс му требаше две продолженија за да го совлада Милвоки и да поведе 3-0 во плејоф серијата. Леброн го водеше Кливленд до гостинско славје во Бостон, а Кари како по обичај лидер на Вориорс.

Ноќ посветена на цепелини

Четвртиот ден од НБА плејофот наликуваше на Ол старт викенд. За шоуто се погрижи Кралот Џејмс кој му ја донесе втората победа на Кливленд, а празник за очи под кош направија и Џош Смит и Двајт Хауард за втор триумф на Хјустон.

Атланта тешко го положи првиот испит, Спарси паднаа

Синоќа во НБА плејофот се одиграа четири натпревари, а победи славеа Кливленд, Мемфис, Атланта и Лос Анџелес Клиперс. Нова повреда за првотимец на Хокси.

Бостон славеше со кош на 0,8 до крајот и го доби Кливленд во плејоф

Бостон Селтикс знаеше дека е во плејофот, а сега ќе размислува само на Кливленд и Леброн Џејмс затоа што „Детелените" синоќа го потврдија седмото место на Истокот. Индијана остана во трка за доигрувањето по триумфот над Вашингтон. 

44 поени на Џејмс Харден, Чикаго во плејофот

Синоќа во НБА Булси го потврдија пласманот во плејофот, Еван Тарнер оствари трипл-дабл, а Џејмс Харден уфрли дури 44 поени против Индијана. Никола Миротиќ е предводник на Чикаго Булс, кои вчера лесно го победија Шарлот.

Другар, тебе не ти е местото во НБА

Беше европски првак со Панатинаикос во 1996 година, но неговите златни времиња се поврзани со Атланта Хокс каде пред неколку дена доби посебни почести. Замислете на Доминик Вилкинс некој порано се дрзнал да му каже дека не го бива за НБА.

Несреќен пораз на Атланта во Бостон, доминација на Вучевиќ

НБА вечерта синоќа ја одбележa инфаркт завршницата на дуелот меѓу Бостон и Атланта, кој го добија Селтикс 89:88 со кош во последната секунда. Црногорецот Вучевиќ сам го победи Њујорк Никс, а Мозгов одличен против Мајами Хит.

Рондо ги победи своите, Атланта прва на Истокот

Од 2008. година до 18. декември минатата година, Ражон Рондо играше за Бостон, од каде замина во Далас. Токму во синиот дрес ја одигра можеби најдобрата партија во кариерата, по што Далас славеше против неговиот Бостон 119:101.

Полски шпион

Вашингтон Визардс ги растурија Бостон Селтикс со 26 разлика, а Марчин Гортат кој го предводеше Вашингтон со 22 поени, реши малку и да си поигра со противниците.

Атланта и Антиќ загубија од Бостон

Кошаркарите на Атланта Хокс го забележаа шестиот пораз во сезоната откако загубија на домашен терен од Бостон Селтикс со 87:94. Антиќ имаше учинок од само два поени.

Леброн за мајсторка на Истокот

Неверојатниот Леброн Џејмс со 45 поени го спаси Мајами на гостувањето кај Бостон и се избори за седми натпревар и тоа пред своите гледачи на кој ќе биде одлучен финалистот од Истокот.

Бостон го изненади Мајами

Кошаркарите на Бостон победија на гостивањето кај Мајами со 90:94 и поведоа со 3:2 во финалната серија на источната конференција.