Бостон славеше со кош на 0,8 до крајот и го доби Кливленд во плејоф

Бостон Селтикс знаеше дека е во плејофот, а сега ќе размислува само на Кливленд и Леброн Џејмс затоа што „Детелените" синоќа го потврдија седмото место на Истокот. Индијана остана во трка за доигрувањето по триумфот над Вашингтон. 

Џае Краудер постигна кош на 0,8 секунди до крајот и Бостон го победи Торонто 95-93. Еван Тарнер и Ејвери Бредли уфрлија по 14 поени, а Брендон Бас 13 поени и 9 скокови.

Тоа беше петта победа по ред за Бостон, кој го обезбеди плејофот во понеделникот кога Бруклин ги загуби шансите. Кај Репторс, најефикасен беше Кајл Лоури со 16 поени, а Лоу Вилијамс 16 поени. Тимот од Торонто ќе игра против Вашингтон во доигрувањето.

Гејм-винерот на Краудер за големо славје во Бостон:

Возбудливо беше и во Индијанаполис, каде се играа две продолженија. Победа на Индијана и донесоа Џорџ Хил и Мајлс кои направија серија 8-2 на почетокот на второто продолжение против Вашингтон. 

Си Џеј Мајлс беше најефикасен со 25 поени и 8 скокови, Џорџ Хил уфрли 24 поени со 9 скокови и 10 асистенции, а Дејвид Вест постигна 15 поени и 8 скокови. На Пејсерси сега им треба триумф против Мемфис доцна вечерва за сигурен пласман во плејофот.
 
Кај Визардси се истакна Полјакот Марцин Гортат со 19 поени и 10 скокови.

Одличната „кражба“ на Џон Вол и поени од контра:

ТОП 5 потези на вечерта во НБА:

 

НБА резултати:
Феникс - ЛА Клиперс 101:112
Индијана - Вашингтон 99:95 (две продолженија)
Бостон - Торонто 95:93.
15 април 2015 - 10:04