Кливленд стигна до првото полуфинале од 2010. година кога ги напушти Леброн Џејмс. „Кралот“ синоќа беше најзаслужен за триумфот на Кавси од 101:93 против Бостон Селтикс.
Леброн уфрли 27 поени со 10 скокови и 8 асистенции, а голема поддршка имаше од Кајри Ирвинг кои исто така имаше дабл-дабл учинок со 24 поени и 11 скокови. Кај Селтикс, кај ја загуби серијата со 4-0, најефикасни беа Ајзеа Томас и Џеред Салинџер со по 21 поен. Натпреварот го одбележи и повредата на Кевин Лав, кој во првата четвртина го повреди рамето и не се врати на паркетот.
Кливленд во четвртфиналето на плејофот го чека победникот од дуелот Чикаго - Милвоки. Во таа серија, Булси водат 3-1.
Леброн се загреваше со страшни забивања:
Краудер и Перкинс ќе ја направеа голема за малку:
Џеј Ар Смит го повреди Краудер по што ќе добие суспензија:
Кливленд - Бостон 101-93 (4-0)
ЛА Клиперс - Сан Антонио 114-105 (2-2)
Торонто - Вашингтон 94-125 (0-4)
Хјустон - Далас 109 - 121 (3-1)