Жиру го запозна Дарко Панчев

Најдобриот стрелец во историјата на репрезентацијата на Франција (57 гола на 137 настапи) синоќа повторно постигна гол на стадионот „Рајко Митиќ“ во Белград. Некогаш во дресот на Арсенал Жиру даде прекрасен гол, а синоќа на неполни 40 години пак стрелаше против Црвена звезда и го одведе Лил во осминафинале од Лига Европа. После мечот Жиру ги разгледувал музејските поставки на стадионот. Застанал пред култната фотографија на Дарко Панчев и пеналот во финале на Куп на европски шампиони против Марсеј.

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by Sport mts (@sportmts)

„Играв овде и со Арсенал, беше неверојатна атмосфера тогаш. Не те остава рамнодушен, а јас тоа го сакам. Верувам дека тоа доста ќе не мотивира“, изјави Жиру пред натпреварот на кој постигна нов убав гол, уште во 4' минута со глава за 0-1.

Црвена звезда победи на првиот меч против Лил во Франција 0-1, Французите синоќа исто славеа 0-1 па во продолженија дадоа уште еден погодок за 0-2 и пласман во осминафинале.

27 февруари 2026 - 15:51