Јокиќ со луд шут за три поени од аут, Никола играше против Никола

Кошаркарите на Денвер Нагетс убедливо го совладаа Бостон Селтикс 103:84 во својата „Бол Арена“ во Колорадо.

Никола Јокиќ беше лидер во својата екипа со 30 поени и 12 скока со шест асистенции и една изгубена топка. Наспроти 31-годишниот Јокиќ се најде 35-годишниот Никола Вучевиќ кој неодамна се пресели од Чикаго Булс во Бостон Селтикс.

Вучевиќ немаше славна вечер, постигна само 2 поени за 23 минути (1/7 од игра и 0/4 за три поени) со осум скока и една систенција.

Најефикасни кај Бостон беа Џејлен Браун со 23 поени и 11 скока, Дерик Вајт со 20 поени а кај Денвер покрај Јокиќ ефикасен беше уште и Тим Хардавеј Џуниор со 14 поени и по четири скока и асистенции.

Денвер Нагетс во ноќта меѓу петок и сабота ќе има голем предизвик, ќе му гостува на актуелниот шампион Оклахома Сити Тандер екипа која е апсолутен лидер во Западната конференција. Тандер синоќа изгуби од лидерот на Истокот Детроит Пистонс 124:116.

26 февруари 2026 - 09:43