Сајтот FiveThirtyEight го пресмета учинокот на секоја франшиза поединечно од основањето до денес и врз основа на победите и поразите на секој натпревар ги бодува екипите. На пример, со трите победи по ред во полуфиналето на Западот неодамна, Хјустон доби 49 Ело поени, а ЛА Клиперс во исто време загуби 49 поени поради поразите.
ЧИКАГО БУЛС ОД '90-те: Најдобриот тим во историјата
Не е изненадување дека тимот на Чикаго од сезоната 1995-96, со рекорд од 72 победи во регуларниот тек го има најдобриот Ело рејтинг во историјата. Булси го освоија четвртиот прстен во НБА таа сезона, но до 1853 Ело поени стигнаа неколку натпревари претходно кога го прегазија Сиетл Суперсоникс 108-86 во Сиетл и поведоа 3-0 во финалната серија. На тој начин, Биковите го подобрија нивниот плејоф рекорд на 14 победи и 1 пораз.
На следните два натпревари, Чикаго се лизна и Сиетл намали на 3-2, но Булси победија во Game 6 и ја освоија титулата.
ЛА ЛЕЈКЕРС со 33 победи до вечноста
Во сезоната 1971-72, Лејкерси имаа 1496 Ело поени, голем дел поради брзата експанзија на НБА која се прошири од 9 на дури 17 франшизи. За Лејкерс тогаш играа ветераните Елџин Бејлор (37 години), Вилт Чембрлен (35) и Џери Вест (33). Сите мислеа дека тоа е крајот на славната ера на Лејкерс, но екипата од 5 ноември до 7 јануари 1972. година победи на 33 натпревари во низа и собра 200 Ело поени.
Тоа значеше искачување на второто место на вечната листа и скок од 1544 до 1753 поени. Таа година Лејкерс ја освои титулата, шеста во историјата а прва после 1954. година.
СЕЛТИКС од 60'-те без респект кон никој
Бостон Селтикс освои 11 од 13 титули во НБА од 1957ма до 1969-та година, доминација ретко видена во модерниот спорт. Ело методот не гледа на прстените, по што Бостон стигна до 1700 Ело поени а тимот го задржа тој рејтинг во следните 13 години. Само Лејкерс од '80-те и денешниот Сан Антонио Спарс имаат слични победнички серии.
ЊУЈОРК НИКС на врвот пред многу години
Сезоната 1969-70 беше најважна во историјата на кошарката во Њујорк. Предводени од Вилис Рид, Волт Фрејзиер и Дејв ДеБушер, Никси имаа учинок од 23-1 до 28. ноември и собраа 1712 Ело поени, најмногу во историјата на франшизата.
Сепак работите не одеа така добро до крајот и Никси ја завршија регуларната сезона со 37 победи и 21 пораз. Следуваа две серии од по 7 натпревари во Плејофот, Никси ја освоија првата титула во историјата на франшизата, но паднаа на 1591 Ело поен поради поразите во Плејофот.