Саатници за финалето во НБА по наше време

Кулминацијата во НБА дојде до точка на топење: Раководството на лигата ги соопшти датумите за финалните средби кои започнуваат од 1. јуни и во кои Стефон Кари и Дурент го чекаат подобриот од дуелот Кливленд - Бостон на Истокот.

The Finals ќе започнат во „Оракл Арената“ во Оукленд каде Голден Стејт Вориорс ќе отвори на свој паркет (во плејофот дома имаат 12 победи 0 порази) и ова ќе биде нивно трето финале по ред во кое влегуваат со најмногу победи.

Со Кевин Дурент (МВП 2014-та) кој во тимот дојде сезонава Голден Стејт ќе се обиде да ја освои втората титула во НБА во последните три години.

Од другата страна ќе биде победникот на Источната Конфенренција каде во моментов актуелниот шампион Кливленд води со 3-1 против Бостон Селтикс.

Ако Кливленд влезе во финалето, што е реален епилог, тоа ќе биде трето финале по ред меѓу Вориорс и Кавалирс - трилогија каква што немало во НБА.

Серијата во 2015-та заврши во 6 чина: Калифорнијците ја прославија третата титула во нивната историја и 40 години по последната освоена. Следната година 2016-та Леброн Џејмс и другарите на Кливленд му ја подарија првата титула во клупската историја во неверојатна серија од 7 меча.

РАСПОРЕДОТ И КАЛЕНДАРОТ:

Меч 1
„Оракл Арена“ - ГОЛДЕН СТЕЈТ ВОРИОРС - КЛИВЛЕНД КАВАЛИРС/БОСТОН СЕЛТИКС
Ноќта меѓу четрток и петок 1-ви и 2-ри јуни во 3:00 часот после полноќ.

Меч 2
„Оракл Арена“ - ГОЛДЕН СТЕЈТ ВОРИОРС -
КЛИВЛЕНД КАВАЛИРС/БОСТОН СЕЛТИКС
Ноќта меѓу недела и понеделник 4-ти и 5-ти јуни во 2:00 часот после полноќ.

Меч 3
„Квикен Лоанс Арена“ (Кливленд)/ТД Гарден Бостон - КЛИВЛЕНД КАВАЛИРС/БОСТОН СЕЛТИКС - ГОЛДЕН СТЕЈТ ВОРИОРС
Ноќта меѓу среда и четврток 7 и 8 јуни во 3:00 после полноќ.

Меч 4
„Квикен Лоанс Арена“ (Кливленд)/ТД Гарден(Бостон) - КЛИВЛЕНД КАВАЛИРС/БОСТОН СЕЛТИКС - ГОЛДЕН СТЕЈТ ВОРИОРС
Ноќта меѓу петок и сабота 9 и 10 јуни во 3:00 после полноќ.

Меч 5 (ако е потребен)
„Квикен Лоанс Арена“ (Кливленд)/ТД Гарден(Бостон) КЛИВЛЕНД КАВАЛИРС/БОСТОН СЕЛТИКС - ГОЛДЕН СТЕЈТ ВОРИОРС
Ноќта меѓу 12 и 13 јуни понеделник и вторник, во 3:00 после полноќ.

Меч 6 (ако е потребен)
„Квикен Лоанс Арена“ (Кливленд)/ТД Гарден(Бостон) КЛИВЛЕНД КАВАЛИРС/БОСТОН СЕЛТИКС - ГОЛДЕН СТЕЈТ ВОРИОРС
Ноќта меѓу 15 и 16 јуни четврток и петок, во 3:00 после полноќ.

Меч 7 (ако е потребен)
„Орекл Арена“ (Оукленд)
ГОЛДЕН СТЕЈТ ВОРИОРС - КЛИВЛЕНД КАВАЛИРС/БОСТОН СЕЛТИКС
Во ноќта меѓу недела и понеделник 18 и 19 јуни во 2:00 часот после полноќ.