Големото срце на малиот Ајзеа Томас од Бостон

Иако не поминаа 24 часа од сообраќајната несреќа во која загина неговата сестра, Ајзеа Томас со насолзени очи го водеше Бостон на неверојатен начин против Чикаго Булс во плејофот.

Во саботата вечер тренерот на Бостон му кажал на Ајзеа Томас дека не мора да игра затоа што само неколку часа претходно ја загубил 22-годишната сестра.

Томас излеззе на паркетот со црн флор на патиките и порака ’Почивај во мир мала сестричке’. Се појави без препознатливото кревање раце и поздравување на публиката. Емотивно испразнет, Ајзеа Томас одигра МВП партија и бар за момент побегна од трагедијата која го снајде во најдобрата негова сезона во кариерата.

Уште на загревањето се видело колку му е тешко, но после едноминутниот молк целата сала застанала зад него и му пружила огромна поддршка. Томас беше најдобар играч на мечот, даде 33 поени (10/18 од игра), со 6 асистенции и пет скокови. После неговата прва тројка, салата експлодираше:


 За жал неговиот Бостон на крајот загуби од Чикаго 102-106.

Предводени токму од Ајзеа Томас, Селтикси го освоија првото место на Истокот пред почетокот на плејофот. Пред да почне првиот меч од плејофот против Чикаго, камерите го дадоа Томас во кадар како седи покрај паркетот на столица а до него беше Ејвери Бредли кој бил со него кога плејмејкерот ја дознал веста.

„Ајзеа ми е како семејство. Пораснавме во исто маало. Знам колку му е тешко. Томас е голем борец, знам дека вечерва играше за неговата сестра. Го цениме тоа како негови соиграчи, Ајзеа е сјаен кошаркар но уште поголем човек. Мора да се бориме за него“, изјавил Бредли.

Неверојатниот настап со 33 поени на Ајзеа Томас:

За време на дуелот Бостон - Чикаго, голем број НБА играчи и тренери изразуваа сочуство на семејството на фантастичниот плејмејкер.

„Пред сè сакам да изразам сочуство на семејството Томас. Слушнавме за трагичната вест и сите се молиме за него. НБА фамилијата е со него. Сакам да изразам сочуство“, изјавил Кевин Дурент.

Се огласил и тренерот на Голден Стејт, Стив Кер:

„Сите во нашата организација сме многу потресени. Не можам ниту да замислам низ што минува Томас и неговото семејство. Мислиме на нив“.

Џеј-Ар Смит изрази сочуство до најдобриот кошаркар на Бостон:

„Извинете, но не можам да престанам да мислам на Ајзеа Тоас. По ѓаволите со кошарката! Како твој врсник, колега, ривал, како сакаш, искрено сочуствувам со тебе како ЧОВЕК. Тешко е ова да се сфати.. Се молам“, напишал на својот Твитер Џеј-Ар Смит.

Во меѓувреме, новинарот Џаред Вајс изјавил дека Ајзеа Томас најверојатно ќе го пропушти вториот меч од серијата против Чикаго затоа што ќе оди на погребот на сестра му во Сиетл. 

17 април 2017 - 09:50