На фаворитите им се брза, вечер на Леброн, Кари и Роуз

На Чикаго Булс му требаше две продолженија за да го совлада Милвоки и да поведе 3-0 во плејоф серијата. Леброн го водеше Кливленд до гостинско славје во Бостон, а Кари како по обичај лидер на Вориорс.

„Кралот“ Џејмс и Џеј-Ар Смит дојдоа порано од останатите во салата во Бостон. Тренерот Блат објасни дека им се брзало што поскоро да го почувствуваат паркетот.

Очигледно дека им се брза и во полуфинале затоа што заедно постигнаа вкупно 46 поени во триумфот на Кливленд  103:95. Кавси сега имаат 3-0 против Селтикс. Леброн уфрли 31 поен со 11 скокови, 4 асистенции и украдени топки и 2 блокади. Следниот натпревар е во недела, кога тимот од Охајо ќе се обиде со убедливи 4-0 да го исфрли Бостон од плејофот.

Леброн во слоу моушн:

Кајри Ирвинг го измести Ејвери Бредли:

Еван Тарнер „излепен“ од Леброн кој го врати назад плејот на Бостон:

Во Њу Орлеанс, домашните Пеликанс имаа голема шанса да го победат Голден Стејт и да намалат во серијата, но победата им избега во продолженијата. Јунак на победата на Вориорс од 123:119, кој друг ако не Кари. Кандидатот за МВП ја погоди тројката со која Голден Стејт избори продолжение. Кари уфрли вкупно 40 поени (7 тројки) и го врати својот тим од -20 поени негатива во третата четвртина. Ентони Дејвис беше најефикасен кај домаќините со 29 поени и 15 скокови.

Клучната тројка на Кари за продолженија:

Ако во Њу Орлеанс се играше едно, во Висконсин Чикаго и Милвоки одиграа две продолженија а на крајот славеа Биковите со 113:106. Како во најдобрите денови, Дерик Роуз беше незапирлив и постигна 34 поени со 8 асистенции и 5 скокови. Џими Батлер броеше до 24 поени со 3 скока и 2 асистенции. Пау Гасол броеше до 17 поени со 14 скокови и 5 асистенции.
 
Кај Бакси Џанис Атетокунмпо постигна 25 поени со 12 скокови, а Мајкл Картер Вилијамс 19 поени и 9 асистенции.
 
Роуз како Џордан:
 
 
Резултати:
Кливленд - Бостон 103:95 (3-0)
Чикаго - Милвоки 113:106 (3-0)
Голден Стејт - Њу Орлеанс 123:119 (3-0)