Сан Антонио влезе во историјата, откако тројца играчи на оваа франшиза, Тим Данкан, Ману Џинобили и Тони Паркер ја остварија и 541 победа заедно. Спарси синоќа заслужено славеа против Бостон. Олдриџ беше најефикасен со 24 поени, 14 скокови и 5 асистенции. Кавај Ленард додаде 19 поени и 5 скокови а Ману Џинобили имаше 13 поени и 8 скокови. Кај Селтикс, Бредли додаде 18 поени со 4 скокови.
Тимот од Тексас до нов триумф го предводеше одличниот Дирк Новицки со 25 поени и 9 скокови. Заза Пачулија, кој играше на ЕП за Грузија против нашата селекција додаде 16 поени и 12 скокови, а одлична вечер имаше и Дерон Вилијамс со 11 поени, 8 асистенции и пет скокови. Кај Лејкерс, Џулиус Рендл прв стрелец со 22 поени и 15 скокови, а Коби Брајант запиша 15 поени и пет скокови.
Забивањето на Џулиус Рендл:
Мајами Хит губеше против Хјустон Рокетс 21 поен разлика, но успеа да се врати со фантастичните партии на Хасан Вајтсајд и Двејн Вејд. Првиот уфрли 25 поени и 15 скокови, а Вејд додаде 20 поени и осум асистенции. Луол Денг го заврши мечот со 14 поени и шест скокови. Кај Рокетс, Маркус Торнтон постигна 21 поен, а Џејмс Харден 16 поени со седум асистенции и шест скокови.
Хајлајтс од партијата на Двејн Вејд:
Tоп 10 потези на вечерта:
НБА резултати:
Шарлот - Атланта 92:94
Бостон - Сан Антонио 87:95
Мајами - Хјустон 109:89
Торонто - Милвоки 106:87
Чикаго - Орландо 92:87
Оклахома - Денвер 117:93
Лејкерс - Далас 93:103
Шарлот - Атланта 92:94
Бостон - Сан Антонио 87:95
Мајами - Хјустон 109:89
Торонто - Милвоки 106:87
Чикаго - Орландо 92:87
Оклахома - Денвер 117:93
Лејкерс - Далас 93:103