Атланта тешко го положи првиот испит, Спарси паднаа

Синоќа во НБА плејофот се одиграа четири натпревари, а победи славеа Кливленд, Мемфис, Атланта и Лос Анџелес Клиперс. Нова повреда за првотимец на Хокси.

Помодрени и повредени, кошаркарите на Атланта Хокс ја преживаа првата рунда од плејофот против Бруклин Нетс и славеа 99:92. Иако водеа во текот на целиот натпревар, Јастребите тешко стигнаа до победата. Кајл Корвер постигна 21 поен со 7 скокови и 3 асистенции. ДеМар Керол и Џеф Тиг додадоа по 17 поени, а Керол имаше и 8 скокови.
 
Перо Антиќ одигра солиден натпревар и за 19 минути на паркетот уфрли 8 поени, а имаше и 3 скока и една асистенција. Кај Нетси четворица кошаркари запишаа двоцифрен учинок, а најефикасни беа Џо Џонсон и Брук Лопез со по 17 поени. Лопез имаше и 14 скокови.
 

Победата на Атланта остана во сенка на повредата на Ол-Стар центарот Ал Хорфорд кој го повреди малиот прст на десната рака. Вториот натпревар исто се игра во Атланта, во среда навечер.
 
21 поен, 5 тројки за Кајл Корвер:

Изјавата на Перо Антиќ после мечот:
 
Хајлајтс од натпреварот:
 

Актуелниот шампион Сан Антонио „се удави“ во Пацификот. Подобри од Спарси беа Клиперси 107:92. Крис Пол постигна 32 поени, Блејк Грифин додаде 26 поени со 12 скокови, доволно за водство од 1-0 во серијата.
 
Клиперси во третиот период водеа дури 18+ разлика и без проблем ја сочуваа предноста. Инаку, ова е прв пораз за Сан Антонио на стартот од плејофот во последните 11 сезони. Кај Спарси, најефикасен беше Кавај Леонард со 18 поени. Тим Данкан постигна 11 поени со 11 скокови и 4 асистенции, а Тони Паркер уфрли 10 поени. Мамузите ќе бараат брејк во среда кога се игра вториот дуел.
 
 
Страшното забивање на Блејк Грифин преку човек:
 

Словенецот Бено Удрих беше најзаслужен за триумфот на Мемфис над Портланд 100:86. Удрих го одигра најдобриот натпревар во неговата Плејоф кариера, уфрли 20 поени и му овозможи на тренерот Мајк Конли да ја одмори практична целата петорка во последната четвртина. Удрих имаше и по 7 скокови и асистенции.
 
Последна резерва која одиграла плејоф натпревар на вакво ниво е Ник Ван Ексел за Далас против Сакраменто пред 12 години. Зак Рендолф придодаде 16 поени со 11 скокови, а Гасол имаше 15 поени и 11 фатени топки. Кај Блејзерси, Ламаркус Олдриџ уфрли 32 поени.
 
Бено Удрих влезе од клупата и уфрли 20 поени:
 

Кливленд два пати губеше од Бостон во финишот на регуларната сезона, но славеше кога беше најважно, во плејофот. „Големата тројка“ ги превзема работите во свои раце и тимот од Охајо поведе со 1-0 во серијата против Селтикс. Кајри Ирвинг уфрли 5 тројки и вкупно 30 поени. Кевин Лав додаде 19 со 12 скокови, а Леброн Џејмс 20 поени.
 
Инаку, Леброн Џејмс има вкупно 158 натпревари во плејофот, повеќе од сите играчи на Бостон заедно.
 
ТОП 10 потези на вечерта:
 
Резултати НБА плејоф:
 
Кливленд - Бостон 100-113
Бруклин - Атланта 92-99
Портланд - Мемфис 86-100
Сан Антонио - ЛА Клиперс 92-107