НБА ѕвездата која верува дека Земјата е рамна и брка зли духови со жалфија

Човекот кој не е разбран речиси од никој поради контроверзните ставови за животот. Важи за еден од најдобрите играчи на денешницата, ама во управата на НБА официјалните лица со чудење гледаат на некои негови потези и дури сметале дека имал „ментални проблеми“.

Од основањето на НБА лигата до денешно време, низ годините поминале илјадниците кошаркари, па така богата е и палетата митови поврзана со играчите.

Во хиерархијата митови и анегдоти, обично на врвот на кошаркарскиот Олимп се страста за победа и триумфалниот егоизам на Мајкл Џордан, манијакалната жед на Коби Брајант за совршеност и талентот на Леброн Џејмс. Сите овие стории се водилка за младите кошаркари во НБА.

Во оваа хиерархија се и граѓанскиот активист Карим Абдул-Џабар и ексцентричниот провокатор Денис Родман.

Но секое време има свои херои. Сега кога борбата за расна и социјална еднаквост има огромно значење практично за секој кошаркар, најголем забавувач во лигата се јавува Кајри Ирвинг.

28-годишната суперѕвезда на Бруклин го реши финалето во 2016-та и стана шампион, 7 пати играше на Ол-Стар, во 2014-та беше биран и за МВП на ОлСтар, а има и злато од Светско првенство, Олимпијада и од турнирот за три поени на Ол-Стар.

Во последните 5 години тој важи за најзабавен играч во НБА:

- ја поддржува теоријата за „рамна Земја“ и застапува други конспиролошки идеи;

- го критикуваше традиционалниот американски празник Ден на благодарноста (Thanksgiving day) и изразил сомневање за некои празници;

- вети дека ќе потпише нов договор со Бостон но после една година се спои со Кевин Дурент во Бруклин и ќе атакува на тронот;

- стана лидер на неформална група играчи кои беа против завршување на сезоната 2019/2020 во „балонот“ во Орландо, поради расни протести;

- прекинал да тренира и пропуштил 7 меча после страшниот упад во Капитол од приврзаниците на Доналд Трамп;

- одржал неколку политички онлајн конференции.

„Духовната алхемија ми е многу интересна. Не само интересна. Тоа е е нешто во што сум добро упатен. Сите знаете за седумте чакри но на крај, имаме осум. А има и трет око во центарот на челото кое може да ја разбуди свеста.

Кога медитирав на повисоко ниво дознав за работи кои го објаснуваат ова. Можам да се збогатам и тоа духовно богатство е многу подобро од обичната свест за наводно единствениов физички свет кој ни е достапен“

Тоа ме поврзува со Никола Тесла. Јас почнав да проучувам животен пат на поединци кои ширеле исти идеи. И знаете, или умреле пред време или се отстранети зошто го збореле она што го мислеле.

Наместо за генијалци, ги сметале за луди, а друштвото ги отфрлило со зборовите: „Не, не сакаме да го слушнеме вашето мислење, вие сте едноставно луди“..

Секоја година дистанцата меѓу сјајниот бек и општеството е се поголема. Имено внатре во лигата имало дискретни, тивки разговори за некакви можни ментални проблеми на Кајри (уште од сезоната 2018/2019 му ваделе таков муабет).

Но Ирвинг продолжил несебично да го помага најпогодениот слој на население. Во време на корона кризата тој донирал 323.000 долари за сиромашните, а снабдил и околу 200.000 оброци за гладните.

Пред неколку месеци тој одбил да збори со новинарите за што добил казна од НБА.

„Мислам дека е подобро да ги користиме парите од казни за изолирани општества кои имаат потреба, особено годинава кога планетата е во ваква состојба. Јас дојдов овде поради Мир, Љубов и Големина. Така што престанете да ме отвлекувате мене и мојот тим и просто ценете го Искуството. Не зборам со пиони. Моето внимание вреди повеќе“, напишал Кајри.

 ОСТАНАЛ БЕЗ МАЈКА НА ЧЕТИРИ ГОДИНИ И САКАЛ ДА СТАНЕ ПРАВ ИНДИЈАНЕЦ

Обидот да се разбере Кајри Ирвинг, еден од најдобрите бекови на светот денес е прилично тешко. Често зборува општо, противречи на себе, а понекогаш се навредувал кога го критикувале зошто не знаел правилно да ги пренесе идеите.

Често не умее мислите да ги искаже преку правилни зборови.

Најважен човек во неговиот светоглед секако е мајка му која што не ја запознал добро. На Елизабет Ирвинг ѝ посветил тетоважа со ангелски крилја.

Елизабет Ирвинг се запознала со Дредери Ирвинг на Универзитетот во Бостон. И двајцата биле спортисти. Таа играла одбојка, а татко му на Кајри кошарка. Се земале и првото дете им било девојчето Ејша. Во 1992 година Дредерик добил нов договор во австралиски клуб и го повлекол целото семејство.

Наскоро во Мелбурн се родил и Кајри. Малиот не успеал да се запознае добро со мајка му зошто таа умрела од септички шок кога тој имал само четири години. 

Ни мајка му немала лесно детство. Нејзината биолошка мајка била член на индијанско племе кое живеело на територија на резерватот Стендинг Рок. Девет дена по раѓањето на девојчето со презиме Вајт Маунтајн (Бела планина), семејството го дала во едно лутеранско семејство.

Индиските корени на Елизабет имале големо влијание на НБА суперѕвездата и неговата сестра од првиот брак на татко му, Ејша.

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by Kyrie (Kaire) (@kyrieirving)

Со римски цифри ја испишал датата 13.08 - на 13-ти август била родена мајка му (во САД прво се укажува месецот па денот, затоа кај Кајри тетоважата е 8.13).

Малиот Кајри останал со татко му Дредерик кој по враќањето дома во САД работел како кошаркарски тенер во Њу Џерси. Кајри често доаѓал на натпреварите на татко му и се заљубил во кошарката.

На грбот има и тетоважа со акронимот DAL, посветена на татко му и двете сестри (Drederick, Asia, London). Но во самата контура може да се најде и другиот акроним KES (Кyrie, Elizabeth, Shetellia).

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by Kyrie (Kaire) (@kyrieirving)

ЗА ИНДИЈАНСКИТЕ ПЛЕМИЊА

„Во мојот живот имаше период кога нашите животни патишта со татко ми, сесрите и другарите се разидоа. Не знаев каде ќе ме носи патот па одамна изгубив чувство на основа, на својот почеток“.

Кајри долго време се барал себеси. Во 2016-та година јавно објавил дека е потомок на индиско племе од Стендинг Рок. Тој решил да ја изучи цела историја за животот на староседелското, автентично население на Америка.

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by Kyrie (Kaire) (@kyrieirving)

Во 2017 донирал 100.000 долари за жителите на округот Сиукс, а во 2018-та заедно со ќерка му Азура официјално станал член на племето.

„Знаев дека откако мама почина, ми остави силно и способно семејство. За мене е многу важно овде да не сум само како надворешен покровител на уметноста, туку да станам дел од семејството до крајот на животот.

Приемната церемонија траела околу 5 часа. Новинари можеле да дојдат само на официјалниот дел, а после кошаркарот зборувал со членовите на индиското племе кои се собрале околу 1.000. Добил и име Hela што означува Мала планина.

Кајри Ирвинг бил воодушевен што го примиле во заедницата на индијанското племе и решил да донесе малку индијански колорит во секојдневниот живот на НБА.

Пример во декември 2020-та година ја почадил арената на Бостон Селтикс со жалфија, со цел да ја избави од негативна енергија.

Скоро пред неколку дена дошол на НБА меч со дрвен стап 

Се испоставило дека тоа бил молитвен стап. Во дамнешни времиња, Индијанци од разни племиња им се обраќале на духовите и молеле за храна, дожд и здравје. На левото раме го има знакот Хамса - блиско-источен симбол на заштита од уроци кој исто дарувал сила и носи среќа 

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by Kyrie (Kaire) (@kyrieirving)

Археолози сметаат дека амајлии со ваков симбол носеле на териториите на древна Индија и Месопотамија уште пред ширење на монотеистички религии. Денес тој симбол може да се најде во хиндуизмот и во исламот. 

Тетоважа со Окото 

По преминот во Бруклин Нетс, Кајри Ирвинг раскажал колку тешко му било по смртта на дедо му во октомври 2018-та:

„Кога он почина, кошарката беше последно нешто на што мислев. Целиот ќеф за играта ми се изгуби. Се трудев да го држам лицето, не дозволував никому да ми пријде блиску. Но не обрнував внимание за неопходна помош од психолог за да се справам со смртта на близок. Тоа беше прво такво мое искуство како возрасен човек.

Пред девет месеци седев пред толпа народ во Бостон и кажав дека сакам да потпишам нов договор. Но од тогаш мојот живот многу се смени, особено односот кон играта и тимот. Бев во депресија. Ситуацијата со смртта на дедо ми и мојата околина многу ми влијаеа на мојот избор во време на отворениот пазар на слободни агенти. Сакав да се избавам од сето тоа. Судејќи по тоа како се чувствувам не постапив правилно“.

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by Kyrie (Kaire) (@kyrieirving)