Необичниот пат на Кевин Гарнет, од судење во средно школо до НБА легенда во Куќа на славни

Во еден момент толку малку е потребно животот да тргне по права или крива насока. На своја кожа ова најдобро го осетил легендарниот НБА шампион, МВП и член на Куќата на славни.

1995-та година била пресудна година во животот на Кевин Гарнет. Тој во кошаркарскиот тим на средното училиште бил толку многу добар што после 1 година го повикале да игра за Академија Фарагут во Чикаго каде набрзо станал најдобар млад играч на годината во Илиониос.

Неговата екипа ја завршила сезоната со 28 победи и само 2 порази. Кевин ја добил наградата и за најдобар кошаркар во избор на USA Today.

Гарнет во тоа време имал проблеми со учењето и баш не се трудел да добие стипендија на некој универзитет па да заигра во NCAA лигата.

Но скаутите и тренерите во НБА биле импресионирани од неговите физички предиспозиции и атлетскиот талент, така што малку кој сомневал дека во новата сезона 19-годишниот крилен играч нема да игра во еден од НБА клубовите.

Така и испаднало. На летната свечена церемонија на драфтот, Минесота го избрала Кевин Гарнет како 5-ти пик. Почнала неверојатната кариера на идниот член на Куќата на славните кој ќе освои шампионска титула, ќе стане МВП и клупска легенда на Бостон со договор од 126 милиони долари за 6 години.

Но малку фалело на 1 година пред свечениот драфт, животот на Гарнет да отиде во сосема спротивен правец зошто се соочил со најтешка ситуација во животот.

БРАНЕЛ ДРУГАР И ЗАВРШИЛ НА СУД СООЧЕН СО ЗАТВОР

Кевин го поминал детството во малото место Молдин, во државата Јужна Каролина. Оваа земја не е баш позната по мирољубиви и спокојни граѓани. Напротив.

Веќе во претпоследна година од сеедно школо, Кевин Гарнет бил познат во кошаркарските кругови како најталентиран играч на своја возраст.

Тој еднаш раскажал дека најупорен скаут бил еден кој дошол дома кај баба му каде живеел Гарнет.

„Мислеше дека може да влијае на мене преку ласкање на баба ми. Проба да ја воодушеви, раскажуваше колку е добар колеџот кај што би одел и дури и предлаше лична помош и нега. На маса извади купче пари“, се сеќава Гарнет за неговата младост.

Баба Мил не кажала збор. Само станала и се повлекла во спална соба. Нејзиниот дом бил толку мал што лесно се слушало како се отвараат врати од плакар.

„Јас знаев што значеше тој звук. Го полнеше пиштолот, па излезе од спална и се развика: „Кажи му на другар ти дека има 30 секунди да се носи од мојот дом!

„Ама што зборувате? Јас ви донесов...“, се препотувал менаџерот.

„Ми е гајле што си донел! Ќе ти го наполнам газот со олово!, викала бабата.

„Мистер, во право е, бегајте додека е време“, му рекол малиот Кевин.

Менаџерот избегал на брзина и ги заборавил парите на маса. Бабата се вратила во спална.

„Добро е што си отиде овој Кевин. Не сакам да земаш пари од такви луѓе. Сигурна сум дека ќе те натера да правиш нешто што не смееш!“. „Да, бабо“, одговорил Гарнет.

Така баба му го научила важна животна лекција да не дозволува парите да му бидат главна водилка низ животот и мотивација.

Но далеку од тоа дека незрелиот Гарнет секогаш ги користел мудрите совети.

Во пролетта 1994-та младиот кошаркар со другарите здогледал како млади белци го тепаат нивниот црномурен другар Треј. Гарнет збеснал и се стрчал:

„Се пуштивме како тасманиски ѓаволи. Ме тепаа и јас тепав. Ме кршеа и јас кршев во одговор. Ѓаволска лудост. Добив удари во глава и во јајца. Се се случи така брзо. На крај ги прекршивме, ама ситуацијата од минута во минута стануваше страшна. Ги згазивме и си отидовме. Кажавме дека само сме го бранеле Треј. Иако нанесов неколку тешки сериозни повреди“.

Кевин ни малку не ја разбирал озбилноста на тоа што се случило, како и секој млад наивен човек. Еден од претепаните се здобил со тешка скршеница на скочниот зглоб, а татко му пријавил во полиција.

Кевин Гарнет бил обвинет за линч и нанесување тешки телесни повреди.

Вакво обвинение звучи страшно во Европа, во Америка вакво дело лежи во несовршеноста на формулација на законите во Јужна Каролина (и некои други држави). Кривична одговорност за нанесување тешки повреди била воведена во 1951 година. Тоа била задоцнета реакција на линч на толпа врз темнокожиот убиец Вили Ерли.

Вили Ерли во февруари 1947 година како 24-годишен ограбил и убил таксист. Следниот ден го нашле дома кај мајка му и го осудиле на затворска казна во Гринвил (затвор во чиј округ се наоѓа и родниот град на Гарнет).

Истата вечер, десетина мажи отишло до затворот, меѓу нив повеќето биле таксисти. Го извадиле Ерли од затвор и ѕверски го претепале на смрт. 

Набрзо на суд биле донесени сите 12 белци кои го нападнале Вили но судот ги прогласил за невини и ги ослободил.

Во Америка после овој случај се појавиле закони за кривична одговорност за линч во толпа.

Како резултат на истрагата, Кевин Гарнет не бил обвинет за расистичко дело, туку за напад и нанесување тешки телесни повреди во толпа како резултат на што жртвата претрпела тешки телесни повреди. На 18-годишниот талентиран кошаркар Кевин Гарнет му се заканувала затворска казна од долги години. Тој раскажал дека во детството бил многу глупав и наивен но дека најмногу сакал да ја шутира топката во кош. Кога го обвиниле тој немал појма што ќе се случува.

Мајка му Ширли Ирби работела по цели денови и не стигнувала да ги гледа ни синот ни двете ќерки. Кевин не го знаел татко му уште од раѓање.

Меѓу повозрасните во Молдин тој можел да се потпре само на наставничката по историја госпоѓа Вилоуби која приметила дека Кевин е љубезен и воспитан. 

„Тоа време живеев кај другар во подрум зошто ме прогонуваа претставници од колеџи. Не сакав да имам ништо со нив.

Еднаш на час кај наставничката Вилоуби во училница влегоа полициски офицери кои ме бараа. Мислев да избегам од прозор и да ме снема. Но госпоѓа Вилоуби ме додржи.

Таа рече:

„Кевин остави ги овие луѓе да си ја вршат работата, не ја влошувај ситуацијата. Се ќе се реши, ќе видиш. Само полека. Не се секирај. Јас гарантирам за тебе и ќе те поддржам на секој можен начин“.

Гарнет го изнеле од школо со лисици и го однеле во станица, а следниот ден го пуштиле во домашен притвор по кауција од 10.000 долари. Добил дури и дозвола да присуствува на летниот камп на Најк за талентирани кошаркари. 

Таму се сретнал со тренерот на Академија Фарагут од Чикаго, Вилијам Нелсон викан „Волкот“.

Нивната прва средба се случила една година претходно на истиот настан во организација на Најкл.

Гарнет тој период (а речиси и целата кариера подоцна) беше млитав и некако тенок, па не ги импресионирал тренерите, но со напорна работа и јаки тренинзи, успеал да го смени мислењето на тренерот Вилијам Нелсон. 

Неколку дена бил најдобар на паркетот и Вилијам му понудил да се пресели во Чикаго и игра за нив. Но прво го чекало судење назад дома.

На првото заседание на судот, Кевин бил осуден на условна казна и наложено му било да помине посебна програма за граѓани кои се под истрага. Адвокатот поднел молба Гарнет да може да го следи програмот во Чикаго и судот го прифатил барањето. 

Веднаш после судењето мајката ги ставила Гарнет и помладата сестра Ешли и ги однела на аеродром. Во рок од неколку саати сите тројца седеле на терминалот на аеродромот Мидвеј во Чикаго.

Следниот дијалог бил право изненадување за 18-годишниот Гарнет:

„Добро дечки, ајде да ве гушнам дојдете. Чувај ја сестра ти Кевин. - А ти одиш ли некаде?“, збунето прашал Гарнет. „Да, се враќам дома“, рекла мајка му.

Пред само 2 месеци младиот кошаркар наполнил 18 години а сега наеднаш стоел во друг, далечен и непознат град со 14-годишната сестра.  

„Мајка ми секогаш беше ладна со нас, но подоцна сфатив дека таквиот ладен однос ни помогна да преживееме.

Ми проработеа инстинктите. Кого знаев во Чикаго? Само „Волкот“. Тој живееше таму. Морав да најдам говорница и да му се јавам. Ја отворив книгата со адреси и почнав да го барам неговиот број. Но тој се вика Вилијам Нелсон. Знаете ли колку Вилијам Нелсоновци имаше тогаш во Чикаго? Па стотици. Не знаев од кај да почна. Немав ни доволно монети за да им ѕвонам на сите.

После листав да го најдам познаникот Рон Ексриџ. Имаше помалку луѓе со неговото презиме. На крај ми текна да свртам во академијата Фарагут каде тренер беше „Волкот“.

„Волк? Кевин овде.
-Здраво мали, како си? Кај си?
- На Мидвеј.
- На Мидвеј?!
- Да, со помалата сестра Ешли.
- Стоите таму одма доаѓам!

За половина час тренерот Вилијам Нелсон бил на аеродромот. Тој немал жена ни деца па во почеток ги донел децата кај него дома. Наскоро Кевин заработил доволно да изнајми стан во истата зграда и ја донел и мајка му која нашла работа во државна администрација.

Оваа животна приказна на Гарнет привлекла многу новинари отколку за сите други талентирани кошаркари во Америка. Тренерот Нелсон секогаш сакал да крие колку е близок со Гарнет. Не кажувал за трансфер на Кевин.

На крајот младиот талент одиграл фантастична сезона во Академијата Фарагут со 25,2 поени, 17,9 скока и 6,7 асистенции во просек како и 6,5 банани по натпревар.

После една година станал првиот кошаркар после цели 20 години кој во НБА дошол од средно школо.

До ден денес е благодарен на судбината и на Бог што успеал да се спаси во таа ситуација.

„Се можеше да биде полошо. Тој инцидент ме натера да го напуштам Југот и да почнам да стремам кон повеќе. Ми ги отвори очите во каков свет живееме“, заклучил Гарнет кој стана еден од најдобрите кошаркари во историјата на НБА.

Освои титула, играше на Ол-Стар, беше прогласен за МВП на сезона и доби договор вреден 126 милиони долари...

Животен и кошаркарски пат вреден игран филм.