Таг: кевин гарнет

Кевин Гарнет со пар силни реченици за Јокиќ

Не треба да се објаснува кој е Кевин Гарнет и каков играч беше, туку треба внимателно да се слушаат неговите поенти, односно страста со која се изразува за играта на Србинот, кој и оваа сезона го става за прв избор за МВП, пред Лука. Другиот гостин во подкастот е Пол Пирс.

Необичниот пат на Кевин Гарнет, од судење во средно школо до НБА легенда во Куќа на славни

Во еден момент толку малку е потребно животот да тргне по права или крива насока. На своја кожа ова најдобро го осетил легендарниот НБА шампион, МВП и член на Куќата на славни.

По 21 година, волкот со број 21 ја напушти играта

По Коби Брајант, Тим Данкан и Амаре Стадемаер, годината 2016 ќе остане запаметена по крајот на кариерата на уште еден славен лик кој минатиов викенд стави точка а кој беше мост меѓу старата школа и футуристите.

Гарнет бил стар?

Иако неговата Минесота минимално загуби од ЛА Клиперс, Кеј Џеј покажа дека не е за старо железо. Особено кога го залепи како постер Блејк Грифин.

Само еден човек направи повеќе пари од Коби во НБА

Легендата на Лејкерски која води во НБА по заработка од 2010-та, ќе се пензионира на крајот од оваа сезона со над 328 милиони долари добиени само од плати. Тоа го прави втор најплатен кошаркар во историјата.

Трка за дното во НБА лигата

Сезонава во НБА има неколку франшизи кои рушат негативни рекорди, но три од нив како да почнаа да се натпреваруваат која ќе има полоши резултати. Борбата за првиот пик на драфтот го прави своето, па три екипи играат ужасна сезона.

Тензична вечер во НБА

Синоќа во НБА лигата победи славеа Бруклин, Далас, Л.А. Клиперс, Мајами и Торонто. Вечерта ја одбележи напнатиот дуел со многу прекршоци меѓу Феникс Санс и Мајами Хит. Повторно ќе се степаше и Кевин Гарнет, со синот на Док Риверс тренерот на Бостон.

Еден живот, еден Гарнет

На вечерта на враќањето во Тимбервулфс, Кевин Гарнет беше дочекан од еден од неговите највпечатливи фанови, и еден од првите вирални херои на интернетот. И Тимбервулфси уште го памтат човекот.

Сан Антонио во серија порази, Атланта рутински

Синоќа во НБА се одиграа 12 натпревари, а ноќта ја одбележаа враќањето на Кевин Гарнет во Минесота Тимбервулвс после осум години, како и неколку дерби средби.

Гарнет и Хауард во клинч, Хјустон го доби Бруклин

Кошаркарот на Бруклин Нетс, ветеранот Кевин Гарнет заработи двојна техничка грешка и исклучување откако се обиде физички да се пресмета со Двајт Хауард од Хјустон Рокетс.

Празнична НБА и дерби средби за Божиќ

Како и секоја година, така и оваа во најсилната кошаркарска лига на светот, за Божиќ ќе се одиграат неколку дуели меѓу најголемите франшизи. Леброн Џејмс со својот Кливленд ќе игра против Мајами, Лејкерс и Коби против Чикаго, а Сан Антонио и Оклахома во реприза на минатогодишното финале на Истокот.

Кого чуваа Гарнет и Вилијамс?

Рукито на Мајами Хит, Шабаз Напиер на кој годинава не му се оствари желбата да игра заедно со Леброн Џејмс, направи толку брз потег со кој предизвика двајца кошаркари со заедничко искуство од 30 години во НБА лигата, да не знаат каде се наоѓаат.

Како Кевин Гарнет стана најплатен во историјата на НБА

Ветеранот на Бруклин Нетс не бил никогаш сметан за еден од најдобрите кошаркари на сите времиња. Тој еднаш ја почувствува шампионската титула со Бостон, а кога ќе прочитате како му се полнела сметката во кариерата ќе сакате да ве посвои.

Гарнет заработил над 300 милиони од НБА

Во историјата на НБА лигата постојат 16 кошаркари кои имаат заработено на 150 милиони долари. Некои од нив не заслужиле толку, а во тоа ќе се согласите и вие кога ќе ја видите листата.

Гарнет тешко ја поднесе разделбата со Ален

Знаеме колку беше тежок разводот на Реј Ален со Селтикс и колку тоа тешко му падна на Кевин Гарнет. До толку тешко што Гарнет веќе не му прави муабет на Ален и не сакаше ни да се поздрави не отворањето на новата сезона.

Како може да не утнеш?!

При вакво одвлекување на вниманието Кевин Гарнет успеа да не поврати и ги погоди двете слободни фрлања.