Целиот метеж започна по едно благо удирање, по што Гарнет најпрвин со топка а потоа и со глава го удри Хауард. Веднаш реагираа сите играчи на паркетот и ги разделија двајцата „тешкаши“ под обрачите. Мечот продолжи, а победата ја однесе Хјустон 113:99. Очекувано, Џејмс Харден беше прв стрелец со 30 поени и шест скокови.
Џејмс Харден продолжи како ништо да не било и го наполни кошот на Бруклин:
После убедливиот пораз на свој терен од Репторс минатиот месец, Детроит Пистонс му се одмаздија на Торонто 114:111. Брендон Џенингс ги предводеше Пистонси со 34 поени и десет асистенции, а Грег Монро додаде 22 поени и десет скокови. Кај домаќините од Канада, Јонас Валанчунас запиша дури 31 поен и 21 скок.
Брендон Џенингс го спречи последниот напад на Торонто за израмнување:
Репторс правеа шоу во првата четвртина:
Јунак на триумфот на Орландо против Булси во Чикаго 121:114 беше Црногорецот Никола Вучевиќ со 33 поени и дури 11 скокови. До 33 поени броеше и Виктор Олаидипо, сезонски рекорд за него.
Вучевиќ преку Пау Гасол:
НБА Резултати:
Бостон – Њу Орлеанс 108-100
Бруклин – Хјустон 99-113
Торонто – Детроит 111-114
Чикаго – Оалрндо 114-121